Поинаков, селски амбиент низ Обединетото Кралство – Дел 3

Со третиот дел завршува и ова наше патување низ кралските селца, кои говорат за долгата историја и традиција на Обединетото Кралство. За денес ни останаа следните места, кои се надеваме дека еден ден ќе имаме прилика да ги посетиме:

1. Долен Слотер

името на ова село може да ви се чини вознемирувачко на прв поглед, но сепак нема никаква поврзаност колеж или смрт. Потекнува од стариот англски збор “slothre” што во превод значи калливо место. Долен Слотер е типично сликовито селце, познато по малите и афтенични дрвени мостови изградени над потокот кој минува низ него. Потокот, некогаш користен за перење волна, денес е омилено место за најмладите посетители кои неуморно ги хранат селските патки. Евиденцијата покажува дека ова село е населено повеке од 1000 години, што заедно со неговата специфична камена архитектура на куќи од XVI и XVII век го прави реткост и неповтрлив сведок за англиското богатство. Ова мирно, тивко и осамено селце нуди само еден хотел каде што можете да престојувате и Викторијанска мелница, најпосетувана во ова село, а денес е претворена во продавница за сувенири. Не заборавајте да ја посетите и малата црква Св. Богородица која во најголем дел од годината е целата прекриена со цвеќе.

dolensloter

2. Бамбург

е село сместено во најсеверниот дел на Англија, кое изобилува со спокојство и покрај тоа што е едно од поголемите села со популација од над 500 жители. За ова село карактеристичен е замокот Бамбург, позициониран на најдоброто место со прекрасен поглед, некогашно седиште на поранешниот крал на Нортумбрија, а во моментов седиште на познатото семејство Армстронг. Селото е познато и по големото лежиште на песок, располага со цели ридови на песочни дини, интересни и несекојдневни за многу научни екипи. Големата песочна плажа која во 2005 година е наградена за природно богатство. За туристите, љубители на малку поинаков туризам, се нуди јавање на коњи долж брегот на ова прекрасно село, а за останатите постои место каде што можат да одморат  со парче англсика торта и чај. Прошетката долж убавата плажа е неизбежна за целосно уживање во ова недопрено место.

bamburg

 

3. Тинтерн

Во живописната долина Вај на границата со Глостер, вгнездено е велшкото селце Тинтерн. Најпознато по урнатините на истоимениот замок, Тинтерн ги привлекува посетителите во текот на целата година. Неколкуте одлични патеки низ селото ви овозможуваат прошетки и истражувања низ околните ридови. Планинарење до местото наречено „Ѓаволска говорница“, нуди прекрасен поглед на околината на селото. Тинтерн е мал и нежен, ненаметлив и нуди одлична природа. Доколку шетате низ селото не заборавајте да ја видите старата автентична воденица, реставрирана како културно наследство, па во нејзината внатрешност можете да поуживате со чаша чај. Недалеку од селото, на север, се наоѓа познатата Parva Farm винарија.

tintern

Велат дека доколку седнете тука ќе добиете една од најдобрите чаши велшко вино.

Текст: Катина Миноска

sestrichframe

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.