Пјетрасанта – малата тосканска Атина

Сте ја почуствувале ли некогаш потребата немо да шетате низ улиците на некој мал град и да сте со драга личност до вас, но да немате потреба од особена конверзација. Тоа се случува и на оние најзборлестите. Ве понесува сензибилноста, шармот и уникатноста, виорот на ветрот, сончевиот зрак зад секој агол. Вие сте во рајот.

Пјетрасанта, Италија, е историски и уметнички средновековен град во северниот дел на Тоскана. Понекогаш го нарекуваат градот на уметниците или „мала Атина“, поради неговите мермерни студиа и споменици. Овој град има римско потекло, но како модерен и современ е именуван по неговиот основач Guiscardo Pietrasanta, изграден кон средината на XIII век. За разлика од многу други градови во Тоскана, Пјетрасанта не е ридест град. Историскиот центар е пријатно место за шетање, а е особено познат по наоѓалиштата на мермер, кои се верува дека ги користел Микеланџело во неговата работа. Овде живеат и работат познати уметници, а има и голем број галерии и изложби во текот на целата година.

Pietrasanta-Stemma

Од атракциите, неминовно е да поминете низ плоштадот Piazza Del Duomo, главниот плоштад. Овде ќе најдете кафулиња, луѓе, уметнички изложби, главните административни згради на градот и се разбира катедралата Duomo со црквата San Martino која доминира на плоштадот. Била изградена во XIV век, но била преобликувана неколку пати. Надворешноста е покриена со мермер. Внатре, можеме да сретме бројни уметнички дела, како мермерната свештеничка говорница создадена од италијанскиот уметник Luigi Ademollo.

duomo

Локалното население е особено гордо на палатата Pretorio  седиште на градските канцеларии. Во склоп на палатата е и градски театар.  За љубителите на музеите, Пјетрасанта може да понуди неколку музеи од кои особено се истакнуваат музејот Bruno Antonuci кој се наоѓа на главниот плоштад и датира од XVI век. Располага со праисториски и етрурски експонати, па сé до средновековни и ренесансни предмети. Вториот е музејот Bozzetti, познат и значаен музеј на скици, модели, цртежи и склуптури, колекција од стотици италијански и странски уметници кои работеле во Пјетрасанта.

muzei

Црквата и манастир Sant’Agostino е познат црковен комплекс со потекло од XIV век. Ова е римска црква со мермерна фасада, позната по вредносни слики и фрески, а низ годините станува седиште и на уметнички изложби. Всушност овој црковен комплекс е познат по тоа што денес, во него се сместени центарот за култура Луиџи Русо, библиотека и музејот на скици Bozzetti.

Ако се прашувате како би стигнале до Пјетрасанта, ќе ви кажат дека постои железничка линија Рим-Џенова, која поминува низ градот. Станицата се наоѓа во самиот град, па со сигурност тоа е олеснителна околност за случајните минувачи, туристите, но и за локалците. Лесно е достапна и автобуска линија која е поврзана речиси со сите градови во регионот на Тоскана.  Најблискиот аеродром е во Пиза, на 90 километри или Милано на 250 километри.

Во Пјетрасанта можеби нема да најдете шопинг центри, но тоа за што вреди да потрошите некое евро плус е секако пазарот за антиквитети кој се случува секоја прва недела од месецот. Постојат неколку продавници кои продаваат ракотворби, мермерни предмети, како и уметнички дела. Пазарен ден е четврток.

pjetra

Имајте на ум дека морскиот брег и преубавите плажи се одалечени само 3 километри, па можеби ова ќе биде идеја плус каде да го користите вашиот годишен одмор. На вас оставаме убаво да си го испланирате буџетот и времето бидејќи несомнено, Пјетрасанта и Тоскана во целост, е незаборавно искуство кое секој од нас, барем еднаш во животот, треба да си го овозможи. 

Текст: Катина Миноска

sestrichframe

 

 

 

 

 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.