Осло – динамичната метропола

Гледајќи ја картата на Европа и сакајќи да се инспирираме за едно неодоливо искуство, изборот овојпат падна на Осло. Звучен, елегантен и пред се скап, за нас претставуваше доволоно голем предизвик, а се надеваме и за вас. Ќе се изненадите дека ова всушност не е голем град, а сепак достоинствено го носи епитетот метропола. Името на градот потекнува од викиншките зборови „Источната Ширина” поради распространетоста на градот. Осло е пред се зелен град кој располага со многу голема површина на паркови ширум градот, има 343 езера, од кои што најголемо е езерото Maridalsvannet и огромен фонд на шуми кои го заобиколуваат.

Доколку сте тука, а немате идеја од каде да почнете со разгледувањето, нашиот совет е секогаш да започнате од централниот плоштад Radhusplassen и одтаму да се водите низ патот на атракциите. Тука ќе го забележите Градското Собрание (Oslo City Hall) познато по неговата карактеристична архитектура, по арт галериите и студијата и секако, по церемонијата на доделување на Нобеловата награда за Мир која се одржува токму во неговите простории, секоја година на 10-ти Декември. Градското Собрание има две кули, од кои едната претставува камбанараија чии ѕвона се познати како концертни ѕвона. Секоја прва среда од месецот, точно во 13 часот, концертните ѕвона приредуваат вистинско концертно уживање. 

Оттука, не може да не ја забележите тврдината Акершус (Akershus Fortress) лоцирана во центарот на градот, одлично место за запознавање на историјата на Норвешка и прекрасно за уживање во сончев летен ден. Оваа тврдина, во чиј склоп е истоимениот замок, има стратешка положба бидејќи низ годините издржувала голем број опсади. Денес се користи за голем број концерти и културни настани, а особено значајна туристичка атракција, е менувањето на стражата (чуварите) која се одвива секој ден во 13:30 часот. Додека пак Akershus Castle, е средновековен замок и кралска резиденција која датира од 1299 година, а подоцна е реставриран во ренесансен замок. Во склоп на замокот има мала црква која е дом на кралските саркофази, а е отворена само за време на празници, концерти и други свечени настани. Именуван по овие две атракции кои претставуваат историско богатство за Норвежаните, ресторанот Aker Brygge е омилено збирно место на локалното население, па доколку прашате некого каде да јадете вкусна храна, дефинитивно ќе ви го препорачаат токму тоа. 

Oslo_komm

Осло е градот на музеите. Овој град има исклучително културно наследство и богатство од музеи од секаков тип, но доколку вашите денови и секако пари ве ограничуваат, ви препорачуваме да го посетите Музејот на Детската Уметност кој во својата колекција содржи уникатни дела од 180 земји низ светот и секако музејот Едвард Мунк (Edvard Munch), дом на еден од најпознатите норвешки сликари и пионер на експресионизмот, особено познат по надалеку прочуената слика „Крик“. Музејот нуди аудио тури на норвешки и англиски јазик, како и документарен филм за Едвард Мунк кој се прикажува постојано додека е отворен музејот.

Уште една уникатна атракција, која веројатно е од малку поразличен карактер, е и едрилицата Christian Radich која, доколку не е на море, можете да ја најдете закотвена во близина на тврдината Акершус. Оваа едрилица е вообичаено затворена за посетители, освен за организирани групи и тоа со специјално барање и со посебно одобрување.Бродот е познат по својата драматична историја, започнувајќо од неговото пуштање во употреба во далечната 1937 година. Денес, своето време за пловење го има организирано за чартер пловидби, тури за разглед на Осло, летни патувања во странски пристаништа со професионален скипер, а особено е познат и по учество во некои од најголемите европски трки во едрење. Оттука наминете и на старото пристаниште во областа Bjørvika каде се наоѓа уште еден симбол на Осло – Норвешката Национална Опера и Балет, отворена во 2008 година, изградена токму на ова пристаниште, а позната како првата оперска куќа во светот на која посетителите можат да одат на покривот.

За помладите посетители и за љубителите на алтернативната уметност, Осло го нуди квартот Grünerløkka, порано индустриски центар, а денес, целосно реновирано место за собирање на младиот свет, на уметниците, историчарите, фантазерите и туристите. Изобилува со кафулиња, галерии, продавници за облека од втора рака и тоа од познати дизајнери. Овој кварт е колоритен микс од стара и нова архитектура и одлично место за љубителите на фотографирањето, па неретко ќе забележите фотосесии на секој чекор.  Доколку пак сакате за момент да одморите глава, местото каде тоа најдобро ќе го направите се вика Фрогнер Парк (Frogner Park) и претставува најголемиот парк во центарот на Осло. Со оглед на фактот дека Норвежаните имаат многу малку сончеви денови, тие уживааат да ги користат во овој парк за разни активности. Таму можете да трчате, да правите пикник и скара, да играте бадмингтон па дури и да се сончате.  Малку од поинаков карактер, а сепак вреден да се погледне е и Вигеленд-паркот на склуптурите (Vigelandsparken), кој е најпосетената атракција во Норвешка со повеќе од 1 милион посетители секоја година.  Ова е уникатен парк и животно дело на склупторот Густав Вигеланд (Gustav Vigeland 1869-1943) со повеќе од 200 склуптури во бронза, гранит и леано железо. Овде покрај сите дела особено ќе ви препорачаат да ја посетите монументалната уметничка креација со човечка порака.

И доколку по сите овие атракции се запрашате како би можеле ова да си ги дозволите, со оглед на тоа дека сте во најскапиот град на светот, имаме решение и за тоа. Посетете ја интернет страницата www.visitoslo.no каде можете по електронси пат да ја купите картата Оslo Pass  за 24, 48 или 72 часа користење, со која можете да го користите јавниот превоз и да влезете во секој музеј.  Посетете го Осло во летните денови, затоа што зимата во овие предели знае да е сурова, температурите да се постојано под нулата, а деновите долги и темни.

Бидете уверени дека можеби вашиот паричник осиромашил, но вие сте побогати за уште едно ново искуство.

Текст: Катина Миноска

sestrichframe

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.