Краков – круната на Полска

Нашата денешна агенда не носи малку поисточно во Европа – во полскиот град Краков. Ова е град познат по своите бесценети историски споменици на културата и уметностa, но и поранешенен кралски, главен град на Полска, кој денес е еден од најатрактивните места на туристичката мапа на Европа.

Краков традиционално е еден од водечките центри на полскиот академски, културен и уметнички живот и еден од најважните економски центри во Полска. Со сите овие епитети, денес е и туристичка атракција која претставува сериозна закана за сите средновековни европски градови.

Како и во повеќето метрополи, така и овде, маршрутата започнува од јадрото на градот, а тоа е секако главниот плоштад, Rynek Glowny, кој датира од XIII век и му припаѓа на таканаречениот Стар Град, Stare Miasto. Денес овој плоштад, со површина поголема од 40.000m², е најголемиот плоштад во Европа, со своите историски куќи, цркви, палати, уредени со прекрасен ентериер, карактеристичен за периодот на кој му припаѓа. Доколку поминувате одовде, неизбежна ви е посетата на црквата Св. Богородица, St. Mary’s Basilica, величенствена готска градба од XIII век, а денес најпозната и најпосетена црква во Полска.

Она што исто така морате да го посетите, е замокот Wawel кој се наоѓа на истоимениот рид и нуди прекрасен поглед кон градот, особено навечер. Легендата вели дека Краков е основан пред многу векови од принцот наречен Крак, кој живеел на овој рид, во пештера го изградил својот дом и од таму управувал со кралството. Подоцна оваа пештера прераснала во прекрасен замок. И денес посетителите можат да ги видат остатоците од пештерата на еден од надворешните ѕидови од замокот.

krakow_coat_of_arms_flag_drapeau_bandiera_bandeira_flagga-555px

Kazimierz е историски позната област во стариот дел на Краков, долж течението на реката Висла. Оваа област била повеќе од 500 години населена од Евреи, кои подоцна систематски биле убиени во периодот на Втората Светска Војна. Овој кварт на Краков повторно бил откриен во почетокот на 1990-те години, преку објективот на Стивен Спилберг во филмот „Шиндлеровата листа” и оттогаш, па се до денес, претставува еден од највозбудливите делови на Краков, полн со историски локалитети, кафулиња и уметнички галерии. За него локалците, едногласно ќе ви речат – „Не одминувајте го!“

За љубопитните набљудувачи на историјата, на само 60 километри од Краков, е овозможена организирана посета на концентрациониот логор Auschwitz, отворен првенствено како затвор за политичките затвореници, за подоцна да прерасне во камп за истребување на Евреите од сите делови на Европа.

Доколку пак сакате за момент да побегнете од гужвите и туристичките атракции , тргнете кон градскиот парк наречен Planty Park, кој го опкружува стариот дел на градот и изобилува со смирувачка тишина, погоден за лежерни прошетки. За љубителите на ноќен живот, Краков е вистинската дестинација поради фактот дека овде баровите, клубските свирки, кабареата и рестораните, долж целата работна седмица се отворени до доцните утрински часови. За туристите има специјални барови каде се прави дегустација на водка, која важи за национален пијалок. За да го заокружите вашиот престој овде, прошетајте на пазарот лоциран на големиот плоштад и купете си килибар за здравје и бериќет. Полска е земјата на килибарот, па е вистинска штета доколку не одвоите маклу пари од вашиот буџет за сувенир, кој вообичаено се пренесува од генерација на генерација.

И сосема за крај, доколку се запрашавте како да стигнете до Краков, секако дека нечие искуство ќе ви биде од голема помош. Краков лежи во подножјето на Карпатите во јужниот дел на Полска и денес е полесно пристаплив од кога и да е. Сопствениот аеродром го олеснува пристапот на туристите, особено за оние од поголемите европски градови. Можете да фатите конекција преку Берлин, Минхен, Лондон, Фракнфурт. Доколку се решите да дојдете со воз, тогаш конекцијата барајте ја преку главниот град Варшава, кој пак со експрес возот е поврзан со поголемите европски дестинации. А за авантуристите и љубителите на долгите ноќни патувања, со автомобил конекцијата е преку Белград, Будимпешта и Братислава, во должина од 1200км .

Најздравје на уште едно наше заедничко патување во кралскиот Краков!

Текст: Катина Миноска

sestrichframe

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.