Јужно-кореанскиот убавец Сеул

Една наша прекрасна читателка ни ја даде идејата да ве одведеме на едно поневообичаено место, каде традицијата и модерното одат рака под рака. Овој пат се селиме на друг континент, подалеку од нашето секојдневие, во градот Сеул кој денес не инспирираше на парче хартија да направиме список на приоритетни атракции кои вредат да се видат доколку еден ден патот не одведе баш таму.

Сеул е главен град и најголема метропола во Јужна Кореа, кој заедно со провинциите Incheon и Gyeonggi  е втор град по големина во светот,  дом на половина од населението во Јужна Кореа,со безмалку 26 милиони жители. Сместен по течението на реката Хан , Сеул е град со историja подолга од 2000 години, основан во 18тата година п.н.е од страна на Baekje, едно од трите кралства на Кореа. Денес Сеул е на листата на најголемите и водечки градови, како резултат на економскиот бум на кој корејците му дале име “Чудо на реката Хан” , кој низ годините Сеул го издигнува од пепелта на корејската војна до четврт најголем брзорастечки град , веднаш зад Токио, Њујорк и Лос Анџелес.

 

olympic-park

 

Ќе почнеме централно како што вообичаено им доликува на големите метрополи, односно од плоштадот Gwanghwamun Sqaure кој е централно лоциран во Сеул, поделен на 6 дела, а карактеристичен по оддалеку видливата статуа на четвртиот и најпочитуван цар Sejong the Great, создавателот на Корејската азбука од Joseon династијата . Овој плоштад е вистинска атракција, а низ годините и поради фактот дека е омилено место на режисерите за снимање на филмски сцени, па не е случајност доколку толку за време на вашиот престој во Сеул бидете сведок на  снимањето на некој нов “блокбастер”. Не заборавајте да застанете на продавницата за подароци и сувенири лоцирана веднаш до плоштадот.

 

Bukchon-Hanok-Village-1

Уште една атракција која мора да се посети е Bukchon Hanok Village селото со традиционална корејска архитектура, односно со впечатливи корејски куќи наречени Hanok, кои по неодамнешното реставрирање стануваат атракција број еден како за туристите така и за директорите од филмската индурстија. Оваа ситуација не е на задоволство на жителите кои секојдневно се жалат за нарушен мир и приватност. Токму поради ова, доколку сте решени да го посетите селото имајте на ум дека постои правило дека овде е забрането  гласно смеење и зборување, фрлањето отпадоци се казнува, групата на посетители не смее да е повеќе од 10 луѓе , не користете микрофони и не сликајте со вашите апартати во внатрешноста на куќите и покрај отворената врата. Искусните велат дека потребни ви се 2-3 часа за да го прошетата овој округ, поради фактот што освен куќи за живеење населбата располага со ресторани, кафетерии и музеи, па доколку се најдете тука неибежно е да ги посетите Unhyeongung Palace и Changdeokgung Palace. Да се посети светска метропола без притоа да се ужива во парк е незамисливо, па еве Кореанците се потрудиле да освојат огромна површина за зеленило, спорт и рекреација или едноставно за кафе-уживање. Паркот се вика Hangang Park, лоциран е покрај реката Хан, со огромна површина и поделен е на 12 делови, од кои најпознати и најпопуларни се 3те дела наречени Yeouido, Jamsil и Ttukseom кои нудат можност да фатите Ферибот и да уживате во пловењето по реката Хан.

Changdeokgung-palace-pond

Changdeok-Palace,-Seoul

Сеул е и градот на палатите, но од големиот број на палати со кои располага, ние ќе се задржиме кратко на историјата на палатата Changgyeonggung Palace изградена во 1483 година од кралот Seongjong со цел да обезбеди заштита за жените на претходните кралеви. Кога веќе сте во посета на оваа палата, ќе ви препорачаат да ја посетите и Changdeokgung Palace , а заедничко и за двете палати е тоа што биле уништени за време на Јапонската инвазија врз Кореа во 1592 година. Од 1987 година овие палати се целосно реконструирани и доведени до својот автентичен изглед, па  несомнено затоа се на листата на најпосетуваните атракции на Сеул.

Unhyeon-Palace

Шопингот во Сеул е задолжителен, и покрај тоа што тие што го виделе советуваат дека е вистински скап. Myeong-dong е најпознатата шопинг област во Сеул ,овде ќе најдете облека од познати брендови, улична храна , ресторани и секако по некој сувенир за целосно да го заокружите вашиот ден. Поминете и низ областа Hongdae во близина на истоимениот факултет, позната и особено омилена кај помладите по клубовите, уличните забави и уметнички катчиња, ресторани со афтентична корејска храна и секако ноќен живот.

Од нас толку. Атракции има уште многу но тоа што не го споменавме во овој патепис оставаме на вас сами да го истражите и да го споделете со љубителите на добрите патувања. Се надеваме дека барем малку ве мотивиравме да инвестирате пари и време во едно поинакво, подалечно и поегзотично искуство.

Текст: Катина Миноска

sestrichframe

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.