Дивите ветрови на Скаген , Данска

Скаген е уметничка басна, град на развиена рибарска индустрија и на неверојатно дива природна убавина. Познат во англискиот јазик како The Scaw (во превод, „ахраично“), ова е најсеверниот град и главно риболовно пристаниште на Данска, со перспективна туристичка индустрија, која моментално брои околу 2 милиони туристи годишно.  Седиште е на данските и меѓународните уметници, кои живееле и работеле тука уште од XIX век. Град со фасцинантни пејсажи и природа, која е вечна инспирација и во ниту еден момент не престанува да изненадува.

5818571129_e7965dbcd7_b

Ако ги запрашате Данците, што го издвојува овој град од другите, едногласно ќе ви ги посочат песочните дини кои под влијание на ветрот низ годините го менувале ликот на Скаген. Ефектите од постојаното менување на песочните дини, најјасно се гледаат кај црквата Свети Лоренс, позната и како Закопаната Црква. Изградена е во втората половина на XIV век. Своевремено, била најголемата црква во регионот во тој период, а од почетокот на XVII век, песочните наноси полека започнуваат да  посегаат по просторот околу неа, за конечно целосно да ја закопаат со песок во XVIII. Локалното население, со цел да присуствува на богослужбите, било принудено да го копа својот пат кон црквата. Но, оваа задача со текот на времето станува невозможна, па така црквата била конечно напуштена во 1795 година. Денес само камбанаријата на црквата е видлива со око и преставува симбол обележје на Скаген и, можеви, најголемата туристичка атракција.

socrkvatacrop

Задолжителен за посета, е и музејот Скаген кој располага со над 1800 дела од данските и меѓународните уметници, а грубо го опфаќа периодот од 1870 до 1930 година. Овој музеј, не само што покажува слики од познати сликари, како Krøyer и Ana Ancher,  дава и увид во културата и животот на луѓето кои живеат во овој дел на Данска.  Уште едно обележје е и Белиот светилник (Skagen Det Hvide Fyr) – најстариот светилник во Данска , изграден во 1747 година со цел да го замени стариот „vippefyr“ светилник. Дизајниран е од архитектот Филип де Ланге, архитектот кој е креатор на многу познати згради во Копенхаген.

lighthouse

Прошетките низ Скаген најдобро ќе ви го откријат шармот на старите населби кои нудат карактеристични жолти куќи, големи музеи, керамички и стаклени уметнички галерии, велосипеди за изнајмување…Cо еден збор, за момент нудат да го доживеете животот на локаното население. Скаген е  опкружен и со песочни плажи, најпознатата е Skagen Sønderstrand лоцирана на само неколку минути пешачење од центарот на градот.  Плажата е прекрасна за семејни дружења, пикник и спортски активности, омилена подеднакво и кај локалното население и кај туристите. Ако по една ваква прошетка почуствувате глад, ќе ви ги препорачаат надалеку прочуените Harbourside ресторани  кои служат свежа риба и морски специјалитети. Лоцирани се во близина на брегот и атрактивни по тоа што токму пред вас, рибарите ја вадат рибата од чамците.

ribolovplaza

И за крај посетете го Grenen, кој се наоѓа на 4.5 километри северно од градот. Претставува спој, односно теснец, уникатно место каде во еден момент со една нога сте во Северното Море, а веќе другиот момент – во Балтичко Море. Иако капењето не е препорачливо, бидејќи има многу опасни подводни потоци, одличен е за уживање. Познат е и како популарно место за птиците кои овде се собираат и ја започнуваат својата преселба на југ. 

morechovek

Вака опишан, се добива впечаток дека Скаген е оставен на милост и немилост на елементите, што најдобро се гледа во постојаното менување на природата. Сето тоа го прави Скаген суров, бескомпромисен, но истовремено и  возбудлив за истражување. Дивите ветрови и брановите ја обликуваат површината на земјата и во голема  мера го диктираат животот  на луѓето и животните кои живеат во областа. 

Доколку локалното население може да живее со нив 365 дена од годината, тогаш бидете убедени дека неколку дена престој во овој град на север, се одличен одмор и рекреација за сите ваши сетила.

Текст: Катина Миноска

sestrichframe

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.