Чешки Крумлов

Големите градови, несомнено се сон за сите љубители на патувањата, но малите, оние непознатите и најшармантните, се веројатно повеќе за оние сонувачите. Оние кои мечтаат за мали нешта, за места кои се потешко достапни, ќе не разберат зошто денес решивме во кратки црти да пишуваме баш за градчето Чешки Крумлов.

Dario Marianelli: Arrival To Netherfield

Се наоѓа во регионот јужна Бохемија во Република Чешка и е одличен за еднодневна екскурзија доколку сте во Прага. Датира уште од XIII век и има едвај 14.000 жители. Ова е град под заштита на УНЕСКО, бисер на чешката историја, жив, космополитски град со уникатна атмосфера опкружен со недопрена природа и како таков, внимателно се чува од фуријата наречена XXI век.

krumlovec

Во Чешки Крумлов нема каде да купите Мекдоналдс бургер, нема скапа брендирана облека и Старбакс кафе, но има прекрасен замок што го носи истото име, кој според културната традиција и пространството се вбројува меѓу најзначајните историски знаменитости во централно-европскиот регион. Оригинално е изграден како готски замок од XIII век, проширен во XIV век, со ренесансен стил во XVI век, за во текот на XVII и XVIII век, да биде изменет во барок и рококо стил, кој е останат до денес. Вредна за посета е и градската црква Св. Вита, изградена во периодот од 1407-1439-тата година, која денес е главно збиралиште на локалното население.

zamokot

svvita

Чешки Крумлов е град на историско наследство,  уметност и култура. Ова е град каде значаен дел од својот живот, поминал познатиот aвстриски уметник Игон Шиле (Egon Schiele), кој по мајка бил по потекло токму од ова градче за кое се верува дека било главна инспирација во многу негови дела. За таа цел, денес градот му го има посветено музејот Egon Schiele Art Centrum. Дека е ова град на уметноста, сведочат уште 7 музеи, 4 галерии, многу концептуални продавници каде можете да си купите уникатно уметничко парче, 5 музички и театарски фестивали, сите тие на површина од едвај 22 квадратни километри.

muzejot

teataer

Уште една карактеристика на ова мало градче е реката Влтава што тече низ него и му дава особен дух со прекрасните канали и мостови кои се особено живописни за пролетниот и летниот период. Поради тоа што зимите овде не се најблагопријатни, ќе ви препорачаат да го посетите во периодот од мај до септември.

Директна конекција за Чешки Крумлов, како и за многуте вакви мали градови, нема. Најблизок аеродром е во австрискиот град Линз, кој е одалечен 70 километри, или пак со воз или автобус од градот Чешка Будјејовица, за кој велат дека е најдобро поврзан со Чешки Крумлов.

posledna

На вас останува дали ќе фатите воз, авион или автомобил за да го посетите градот што ни одблиску не е извикан и познат низ елитата во Европа. Но, сигурно е уште еден на листата светски наследства, кои со својот шарм и култура му маваат шамар на Париз. Уживајте.

Текст: Катина Миноска

sestrichframe

Галерија на фотографии:
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.