Архитектонското чудо Ротердам

Да се биде единствен и уникатен, особено во новата ера, на секому му одговара, но се чини дека на Ротердам тоа му оди од рака. Почнувајки како брана (Dam: брана) изградена на реката Rotte, Ротердам прераснува во голем меѓународен трговски центар, пристанишен град и секако центар на архитектурата со една поинаква димензија.

366px-Rotterdam_wapen.svg

Лицето на овој град било немилосрдно избришано во годините на Втората Светска Војна, но тој и до ден денешен се гради во една  исклучителна уникатност и дух кој инспирира на секој чекор. Холанѓаните се горди на својот град, па затоа по малку нескромно ќе слушнете дека го нарекуваат masterpiece град. И навистина, Ротердам од година во година плени со досега невидена архитектура. Сведок за тоа е надалеку познатата Cube House односно Коцкастата Куќа, позната по својот фантастичен и уникатен дизајн, дело на Piet Blom и единствена од ваков вид во светот. Симболиката се состои во тоа што секоја од коцкастите куќи претставува дрво, а сите заедно (38 на број) претставуваат шума. Куќите имаат 3 спрата простор за живеење, со околу 100м² и со почетна цена од неверојатни 175 000,00 евра. За да бидат уште по атрактивни, многумина од станарите третиот кат го користат како градина. Зарем веќе не добивте желба една од овие куќи да е ваша?

Во близина на оваа зграда се наоѓа и познатиот пазар Markthal кој сеуште е во градба, а веќе претставува вистинска атракција за туристите. И покрај тоа што пазарот траба да е изграден до крајот на 2014 година, веќе на големо е познат по својата необична форма на масивен тунел и колоритноста.

Ротердам е млад, динамичен и интернационален град на вода. Овој град, освен што изненадува со нова и досега невидена архитектура, може да се пофали и со фестивали, настани, атракции и разноличност, кога се во прашање уметност и култура. Тој е град со многу лица, трендовски ноќен живот и софистициран шопинг. Љубителите на уметноста нека си обезбедат еден ден плус за посета на двата најсовремени музеи на Холандија: Boijmans van Beuningen и Kunsthal, кои се наоѓаат во регионот наречен Museumpark, а пак на љубителите на театарот сите ќе им го препорачаат Luxor theater Rotterdam.

Доколку не излезете на делот од градот кој лежи на крајбрежјето на Северното Море, исто како да не сте биле во Ротердам. Ротердам го има едно од најголемите пристаништа во светот, заедно со беспрекорно организираниот железнички, патен, воздушен и воден сообраќај, претставувајќи стратешки град на Европа во целокупното економско и политичко живеење. Несомнено од тука потекнува и неговото второ име „Порта кон Европа“. За Ротердам како град на вода, дефинитивно сведочи и величенствениот мост Erasmus bridge над реката Mass во форма на харфа, низ кого можете да поминете и пеш и притоа да направите прекрасни фотографии со панорамата на градот (особено доколку поминувате навечер). За панорамски поглед на Ротердам, ви препорачуваме да се качите и на панорамската кула Euromust tower која со своите 185 метри височина е највисоката кула во Холандија и ви овозможува поглед над целиот град, како и на делови од Antwert (Белгија) и Hague.

Атракциите не завршуваат тука, ги има уште безброј: Blue Buıldıng, Montevideo Tower, Glass Tower, Red Apple Rotterdam и за сите ќе имате време затоа што едностано мора да се видат. Тоа што не смеете да го изумите е да навратите во Bram Ladage, најпознатото место во Ротердам за помфрит, кое од 1967 година го има најдобриот помфрит во Холандија. Доколку сте тргнале на шопинг, речиси  неминовно е да поминете покрај стоковната куќа Hema каде за две евра ќе го изедете највкусниот хотдог, ќе се подновите со некое парче облека и ќе го продолжите патот кон Bijenkorf. Тука можеби ќе ви се види малку поскапо, но што и да одберете нама да згрешите поради тоа што се наоѓате на најдоброто шопинг место кое го нуди Холандија.

И покрај сите овие знаменитости можеби треба да се запрашате зошто Ротердам досега не бил на приоритетната листа за прошетки низ Европа. Со сите овие уникатни градби ќе ви биде многу лесно да се ориентирате во просторот, па скоро и не ви ни требаат некои особени помагала за навигација. До Ротердам се стига и со авион, но ние ви го препорачуваме прекрасниот воз кој на лесен и едноставен начин ќе ве донесе до овде, од било која друга појдовна точка како од Холандија така и од другите делови на Европа.

Текст: Катина Миноска

sestrichframe

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.