36 часа во Монпелје

Франција е чудесната земјата која многу ветува. Пространа, природна и стилска, ни дава внатрешен порив да ги спакуваме најнеопходните работи, да се качиме во првиот воз и да талкаме по селаца и градови што уште од првиот впечаток создаваат чувство на спокој кој, како да го нема на многу места низ Земјината топка.

600px-Blason_ville_fr_Montpellier.svg

Монпелjе е град на југот во оваа прекрасна земја – осми најголем град во Франција и најбрзорастечки град во последните 25 години. Сместен е на крајбрежјето на Медитеранот, со популација од околу 250.000 жители и е одлично, урбано место, без особени градски гужви и стресови. Претставува студентски центар, место каде се собираат млади од сите делови на светот, а познат е и по првото медицинско училиште во Европа од XII век. Низ вековите, на него печат оставаат делата на бројни, познати дизајнери и архитекти.

Да тргнеме. На старт ќе го фатиме шарениот трамвај, наречен трамвајот Lacroixпокриен со морски суштества и егзотична морска флора, дело на познатиот француски дизајнер за облека Christian Lacroix. Ќе ве чини 1.2 евра кон саканата дестинација. Трамвајот го поврзува северниот со јужниот дел на градот, а со него ќе можете да стигнете и до новиот атрактивен комплекс, наречен L’Hôtel de Ville. Овој хотел, всушност претставува јавен споменик и прв урбанистички проект од XXI век, изграден на брегот на реката Лез, со првенствена замисла да биде пристаниште. Супер архитектот Jean Nouvel, е креаторот на L’Hôtel de Ville, познат и како градската сала, кој претставува стаклено сина современа градба, изградена со цел да се зацврсти и развие областа на Монпелје наречена Port Marianne.

tramvaj-hotel

Но, она што го прави Монпелје атрактивно за посета, е секако стариот дел на градот кој датира Х век и е карактеристичен по тоа што, за разлика од многуте јужни градови во Франција, нема римско наследство, туку е основан од грофовите од Тулуз. Па така, во овој дел на градот мора да го посетиме Montpellier’s Cité Internationale de la Danse,  или уште познат како „Рајот на современиот танц”. Тоа е манастир кој датира од 1641 година и за потребите на современиот Монпелје и за негово заживување, е реновиран и архитектонски дизајниран. Уште еден брилијантен француски дизајнер – Jean-Paul Gaultier,  дал свој придонес во реновирањето и заживувањето преку дизајнирање на костумите за негово повторно отварање со претставата „Свадбата на Фигаро“.  Следно обележје на вековната традиција на Монпелје е и катедралата Saint-Pierre, која датира од XVI век, а препознатлива е по тремот во форма на раскошна крошна и двата монументални столба.  Мedieval Mikve е средновековна, еврејска, церемонијална бања од XIII век, со големо значење за Еврејската заедница и водечка улога во развојот на Монпелје.  Лоцирана е во срцето на некогашниот Еврејски кварт, а денес е една од најзачуваните бањи во Европа.  

star-grad

 

За оние со послаба навигација, во овој град фокусна точка е главниот плоштад Place de la Comédie, кој во својот центар ја има прекрасната фонтана „Des Trois Grâces“ (Трите Грации) изработена од скулпторот Étienne d’Antoine во 1790. Тука ќе сретнете улични изведувачи – сликари, разни продавачи на сувенири, а можете да бидете и дел од некој неочекуван настан. Уште еден прекрасен плоштад е и Place Royale du Peyrou, со панорамски поглед на градот и околината и импресивна статуа на кралот Луј XIV. Седнете, одморете и земете здив на еден од овие прекрасни плоштади за наредната дестинација. Нека биде тоа ботаничката градина на Монпелје – една од најстарите во Европа. Формирана е по наредба на Henri IV, во 1593 во чест на Pierre Richer de Belleval. Во тој период таа служи како модел за проектирање на сите ботанички градини ширум Франција, вклучувајќи ја и онаа во Париз 40 години подоцна. Сега е во сопственост на Универзитетот на Монпелје и преставува историски и заштитен споменик.

plostad

 

Во Франција скоро и да нема град без опера, со оглед на тоа дека операта е стил на живот за Французите. По ова не заостанува ни Монпелје, заедно со двете прекрасни и софистицирани домови на Операта. Comedie Opera House еизградена во 1888 година која со својот раскошен изглед го дополнува ептитетот на Монпелје за шармантен и интелигентен град и низ годините цврсто го гради својот стил за денес да претставува центарот на операта во цела Франција. Berlioz Opera House е изградена во 1990 година од архитектот Claude Vasconi која располага со огромна 20 метарска сцена, нова, современа и акустично совршена. И за крај, во случај да ве прашаат дали сте посетиле музеј кој е автентичен и вреди да се види, посетете го и раскажете за музејот Fabre. Претставува уметничко дело, иновативна комбинација на класична и современа култура и нуди повеќе од 800 дела, 900 гравири и 3.500 цртежи во својата изложбена област од 9200 m². Fabre музејот, ја раскажува приказната за еволуцијата на Европа од ренесансниот период па се до модерни времиња, со серија од светската класа колекционери која сигурно ќе ве воодушеви: ремек-делата на Veronese, Courbet, Poussin,  а да не зборуваме и за исклучителниот подарок на бројни дела од современиот сликар Pierres Soulages. 

muzej-opera

 

 Текст: Катина Миноска

sestrichframe

 
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.