Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close

Уметност

Уметност

Проф. Теракота

Кога сликате пролет, не сликајте ги врбите, сливите, праските, туку едноставно насликајте ја пролетта. Секој од вас во детството добива кутија со боици. Потоа кутијата ви е одземена и заменета со суви книги, за години подоцна да речете: „Може ли да ми ги вратите боиците?“ Единственото нешто што ќе ни овозможи да го погледнеме, без … Continue reading »
Read details