Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close

Иновации

Иновации

Проф. Икар Нобел

Пронајдокот е најдоброто дело на човековиот креативен ум. Главната цел е комплетно мајсторство на умот над материјалниот свет и искористување на човековата природа за потребите. Копнееме по нови сензации, но многу бргу стануваме рамнодушни кон нив. Вчерашните чуда, денес се заеднички околности. Би било убаво доколку секој ден работиме со надеж дека би можеле да … Continue reading »
Read details