Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close

Училиштето Никулец

Училиштето Никулец

Училиштето Никулец

Низ заплетканиот шумски пат кон маглите на планинскиот врв, училишен замок стои како старец на рид со месечев блескот на својот каменест лик. Мов ги засолнува старите ѕидови и високите кули, како неуредна брада. Пространи градини и надолни ледини, цветни леи и зеленчукови бавчи, наоколу. Четири влеза пред големи двокрилни порти, а зад нив, високи столбови … Continue reading »
Read details