Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close

Проф. Теракота

Проф. Теракота
Уметност

Кога сликате пролет, не сликајте ги врбите, сливите, праските, туку едноставно насликајте ја пролетта. Секој од вас во детството добива кутија со боици. Потоа кутијата ви е одземена и заменета со суви книги, за години подоцна да речете: „Може ли да ми ги вратите боиците?“ Единственото нешто што ќе ни овозможи да го погледнеме, без презир, светот во кој живееме, е убавината која одвреме-навреме, човекот ја создава од хаосот: сликите кои се цртаат, музиката која се компонира, книгите кои се пишуваат…

Теракота…Тенка жена, вообичаено обвиткана во наметки, со недобројно многу ланци и бројаници обесени на вретенастиот врат. Велат дека е мошне ексцентрична, театрална појава. Има мек, но стушен глас, кој станува побрз, но елегантен, во моменти на лутина. Наследила голема дарба од своите родители. Нејзиниот татко бил научник, а мајка и – роден сликар. Двајцата имале сосема различни начини на спознавање и разбирање на светот. Татко и им приоѓал на нештата преку научното истражување, а мајка и преку емотивното. Теракота…непосреден впечаток би ви оставила – како голем, блескав инсект.


ПРЕДАВАЊАТА НА ПРОФ. ТЕРАКОТА

All
Астрономија
Географија
Директори
Иновации
Литература
Музика
Природа
Рекреативна математика
Симболи
Спортски вештини
Уметност
Училишен лекар
Училиштето Никулец