Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close

Роксана Мулиер

Роксана Мулиер
Директори

Доаѓа време кога за секое додатно знаење ќе забораваме нешто што претходно сме го знаеле. Баш затоа, од огромна важност е да немаме бескорисни факти кои ги излитуваат полезните. Штом дознаете како времето и искуството да го искористите, посебни кажете дека сте! Млади сте и да грешите способни, но среќни секогаш дозволете да бидете. Она што секогаш важи – среќата е. За секоја минута потрошена на гнев, губиме 60 секунди среќа.

„Храброста ќе ни ги ослободи мислите ќерко. Таа и стравот ќе го избрка“, Никулец и велеше. Сериозна и убава, секогаш до него начулена, Роксана учеше како да е вистинска и паметна, чувајќи го секој кажан збор. Кога дојде време без татка си да биде, како да не постоеа траги од жал и старост на неа – освен ако не беа скриени во длабочината на очите и во длабоките бунари на многу сеќавања. Нејзина остана должноста за среќата на училиштето. Нејзино остана наученото да го пренесе. Принципот на нејзиниот татко остана да постои – создавање на ученици способни за откривање нови нешта, наместо повторувачи на она што другите генерации го оставиле како подарок.

 

All
Астрономија
Географија
Директори
Иновации
Литература
Музика
Природа
Рекреативна математика
Симболи
Спортски вештини
Уметност
Училишен лекар
Училиштето Никулец