Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close

Проф. Литота Дитирамб

Проф. Литота Дитирамб Проф. Литота Дитирамб
Литература

Читајте за попаметни да сте. Поспособни однесувањето на вашите пријатели да го разберете. И своето – уште подобро. Непознати пријатели читањето ни носи. Зборот уловен, можеш во лексикон и речник да го сместиш. Но, тој во речник не живее, живее во умот. Денес да бев повторно млада, обидувајќи се смисла за себе си во светот да стекнам, поворно истото ќе го сторев – читајќи.

Литота Дитирамб! Родена е на висорамнините во Тривиум, точно пред пoлноќното сонце. И уште на почетокот го сфати живтот како добра книга – колку подалеку стасаш, толку поголема смисла добива. Отсекогаш беше зафатена со мали, рамни, крути, страници, кои свет по свет само за неа отвараат. Денес, нема страв да каже што мисли, но, со голема смиреност и без рамнодушност. Со мошне остар став, особено при расправи и тоа. Секој кој бил на часот по литература, знае дека не треба да чита за уживање само.

All
Астрономија
Географија
Директори
Иновации
Литература
Музика
Природа
Рекреативна математика
Симболи
Спортски вештини
Уметност
Училишен лекар
Училиштето Никулец