Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close

Проф. Опус Харф

Проф. Опус Харф
Музика

Возможно е се да сé објасни научно, но не би имало смисла. Би било како без значење…како да ја опишувате Бетовеновата симфонија низ варијација на воздушниот притисок. Музиката е таа која од сите уметности стои во посебна област, неосветлена од ниту една друга ѕвезда, освен од својата. Музиката е таа која, после тишината, е најблиску до искажување на неискажливото. Да можел композиторот со зборови да го каже она што го мисли, зошто би се обидувал да го каже низ музката?

Опус Харф…Неговотo потекло стои закопано во некое митско време и не е познато. Има многу имиња. Стари имиња кои само ветрот и дрвјата можат да ги изговорат. Тој е фаун. Прототип е на природната сила, на несоборливата моќ на сонцето, а неговата флејта се однесува на планетарната орбита и го симболизира старото питагорово верување во музичката хармонија на сферите. Од суштинско значење му беше битно да стори сé што е можно за да ги привлече учениците кон операта, како би се увериле дека таа не е само застарена форма на уметност, туку складиште на највеличенствената музика и драма која човекот ја создал.


ПРЕДАВАЊАТА НА ПРОФ. ОПУС ХАРФ

All
Астрономија
Географија
Директори
Иновации
Литература
Музика
Природа
Рекреативна математика
Симболи
Спортски вештини
Уметност
Училишен лекар
Училиштето Никулец