Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close

Директор Никулец

Директор Никулец
Директори

Бидете подготвени за време кога ќе треба да одберете меѓу она што е лесно и она што е правилно. Светот е навистина полн со опасности и има многу мрачни места, но сепак постојат и нешта кои се убави. Иако во многу земји љубовта е денес помешана со тага, таа така поголема и расте. Има нешто добро во светот и вреди за него да се бориме. Ако сакате нешто да пронајдете, нема да ви постои ништо слично на барањето. Речиси секогаш ќе најдете нешто доколку барате, но тоа пак нема секогаш да биде она по што сте тргнале. Постојано барајте некој со кој би споделиле авантура, иако е многу тешко.

Никулец! Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи. Еден ден, кога човек со ваков опис ќе забележите, со сигурност знајте дека е тука за на извонредна авантура да не води.

 

All
Астрономија
Географија
Директори
Иновации
Литература
Музика
Природа
Рекреативна математика
Симболи
Спортски вештини
Уметност
Училишен лекар
Училиштето Никулец