Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close

Проф. Корделија Примат

Проф. Корделија Примат
Природа

Светот е една тајна која многу сакам да ја предвидам. Љупобитноста и сериозноста за дознавање на скриените закони на природата…се меѓу првите сензации на кои можам да се сетам. Наша главна задача треба да ни биде ослободувањето на самите себе преку проширување на кругот на нашите сочувства, како би ги опфатил сите живи суштества и сета природна убавина. Добро загледајте се во природата и многу подобро ќе разберете се.  Ми се допаѓа кога еден цвет или една тревка расне низ пукнатините на бетонот – многу е херојски.

Ќе се чувствуваше посигурна за светла иднина на луѓето, доколку би посветиле помалку време на докажување дека можат да ја надмудрат Природата, а повеќе на вкусување на нејзината сладост и почитување на нејзината старост. Често знае сама да залута во шумата зад училиштето, понекогаш само за да се сеќава. Таму секогаш се и изгледа познато, како нешто одамна изгубено, како стар сон, како златна вечност на минатото детство. Не сака никој да биде сведок на нејзиниот разговор со песнопојките. Кога е сама може да биде и невидлива, да седи на врвот ридот, неподвижна како изгиднат плевел, додека лисици безгрижно претрчуваат. Малку од се она што знае, доаѓа од книгите – доаѓа од висорамнините, од дрвјата, од речниот брег.


ПРЕДАВАЊАТА НА ПРОФ. КОРДЕЛИЈА ПРИМАТ

All
Астрономија
Географија
Директори
Иновации
Литература
Музика
Природа
Рекреативна математика
Симболи
Спортски вештини
Уметност
Училишен лекар
Училиштето Никулец