Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close

Проф. Изар

Проф. Изар
Астрономија

Големината и староста на Космосот одат над нашите обични сфаќања.  Изгубен во бескрајноста и вечноста, лежи нашиот малечок планетарен дом. Од космичка перспектива, повеќето човечки грижи се чинат безначајни, дури и ситни. Нашата иднина зависи од тоа колку добро го познаваме овој Космос, каде пловиме како прашинка во утринското небо. Тој е сé што е, што бил, или пак што некогаш ќе биде. Нашето меко размислување за него не вознемирува…како далечно сеќавање на паѓање од височина. Знаеме дека приоѓаме на една од најголемите тајни.

Изар! Роден во годината на првата соларна бура. Тој не е само обична, висока појава, со добродушен лик и долги чекори со секогаш, еднакво прилагоден тропот. Не е ниту само астроном и теоретичар. Тој е и виолинист. Сака и да патува. И на Месечината бил. Кога оттаму погледнал кон Земјата, го ставил палецот за зад него да ја затскрие и се сетил дека се што воопшто знае се наоѓа зад палецот – на таа сино-бела топка, оставена на работ на галаксијата. Многу сака и да си раскажува. Но, неговата цел е едноставна: целосно да го разбереме универзумот – зошто е таков како што е и зошто воопшто постои.


ПРЕДАВАЊАТА НА ПРОФ. ИЗАР

All
Астрономија
Географија
Директори
Иновации
Литература
Музика
Природа
Рекреативна математика
Симболи
Спортски вештини
Уметност
Училишен лекар
Училиштето Никулец