Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close

Проф. Икар Нобел

Проф. Икар Нобел
Иновации

Пронајдокот е најдоброто дело на човековиот креативен ум. Главната цел е комплетно мајсторство на умот над материјалниот свет и искористување на човековата природа за потребите. Копнееме по нови сензации, но многу бргу стануваме рамнодушни кон нив. Вчерашните чуда, денес се заеднички околности. Би било убаво доколку секој ден работиме со надеж дека би можеле да најдеме решение, барем, на еден од големите пробреми. Дури и доколку не успееме, ништо не е залудно. Во тие настојувања и напори, сигурно сме нашле неколку часа на неописливо задоволство.

Дури и во детството Икар Нобел покажуваше извонредна моќ на имагинација – способност да замислува детални, богати и реални нешта со својот ум. Токму поради таа жива мечта му беше лесно да ги согледа комплексните експерименти во својата глава – без скици, модели или лабораториски инструменти. Тој е, несомнено, мошне повлечена, дисциплинирана личност, посветен на својот внимателно сокриен и личен свет, постојано стремејќи се кон самоиспитување. Радоста ја наоѓа во откривањето. Негова најголема тенденција се откритијата на непознатите принципи и закони на непознатото. Но, зад неговата филозофија можеби се крие и малку поголем интерес кон самиот себе, постојано обидувајќи се пред учениците да ги направи своите пронајдоци сензационални и шокантно фасцинирачки.


ПРЕДАВАЊАТА НА ПРОФ. ИКАР НОБЕЛ

All
Астрономија
Географија
Директори
Иновации
Литература
Музика
Природа
Рекреативна математика
Симболи
Спортски вештини
Уметност
Училишен лекар
Училиштето Никулец