Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close

Проф. Фалкон Код

Проф. Фалкон Код
Симболи

Да постоиш на светов, без да станеш свесен за неговото значење… како да луташ низ голема библиотека без да ги допреш книгите. Можете ли да замислите дали би се подбивале со вас доколу изјавите: „Не само што светот е сферичен, туку постои и невидлива, мистична сила која држи се на неговата повшина?“

Фалкон Код…Често размислува за науката, за вербата, за човекот. Размислува како секоја култура, во секоја земја, постојано има нешто заедничко, можеби познато под различно име или различен лик, но секогаш поврзано со човекот како униеверзална константа. Случајноста е концепт на кој Фалкон сосем не му верува. Како лик кој го минува својот живот истражувајќи ја скриената поврзаност на неспоредливи симболи и идеологии, Фалкон размислува за светот како за мрежа од ситно испреплетени истории и настани. „Поврзаностите можат да бидат невидливи“, често велеше на часовите по Симболи. „Но секогаш се тука – закопани под површината. Често ги чуваме сокриени од истата причина поради која го држиме оганот настрана од децата. Во вистинските раце, огнот би донел корист, но во погрешните – би можел да биде незамисливо деструктивен“.


ПРЕДАВАЊАТА НА ПРОФ. ФАЛКОН КОД

All
Астрономија
Географија
Директори
Иновации
Литература
Музика
Природа
Рекреативна математика
Симболи
Спортски вештини
Уметност
Училишен лекар
Училиштето Никулец