Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close

д-р Ото Јури

д-р Ото Јури
Училишен лекар

Веднаш штом имате прилика, смејте се. Кога здравјето е отсутно, мудроста не може да се открие, уметноста не може да се реализира, силата не може да се бори, богатството станува бескорисно, а интелигенцијата не може да се примени. Уметноста на лекувањето потекнува од природата, не од лекарот. Затоа лекарот мора да започне од природата, но со отворен ум. Нашата најголема среќа не зависи од животните услови во кои среќата на сместила, туку секогаш е резултат на добра совест, добро здравје и слобода во сите определби.

Иако e веќе денес мудар старец и потешко би можеле да го замислиме како младо момче, Ото Јури растел со делата на античките и застарени алхемичари. Му биле потребни 20 години за да научи филозофија, поезија, лекување и тоа без запишување. Бил мошне свесен за запишувањето на знаењето, но одбрал целосно да се потпре на сеќавањето.Тој е многу вешт набљудувач. Препознава какви квалитети ќе поседувате во зависност од сезоната кога сте родени. Ги проучува и шемите на бои и форми на карактерот, преку движењето на Месечината. Неговите способности се развиле преку природната врска на познавањата за циклусите на Земјата.


ПРЕДАВАЊАТА НА ПРОФ. ОТО ЈУРИ

All
Астрономија
Географија
Директори
Иновации
Литература
Музика
Природа
Рекреативна математика
Симболи
Спортски вештини
Уметност
Училишен лекар
Училиштето Никулец