Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close

Проф. Нг Муи

Проф. Нг Муи Проф. Нг Муи
Спортски вештини

Секој може да се откаже – тоа е најлесното нешто. Но, да успее да додржи тогаш кога сите очекуваат дека се ќе се распадне – тоа е вистинска сила. Таа не доаѓа од физичкиот капацитет. Таа доаѓа од нескротливата желба. Една тибетска поговорка вели: „Дури и поразот користете го како извор на сила“. Без разлика на тешкотиите и лошите искуства, вистинската катастрофа следи откако ќе ја изгубиме надежта. Многу е полесно да се создадат силни деца, отколку да се поправат расипани луѓе.

Нг Муи! Типични квалитети на херој ја одликуваат, со моќен боречки стил и акробатска оригиналност. Разни приказни за неа ќе чуете. „Ќерката на генералот на Забранетиот Град“, некој ќе каже. „Единствената која пустошот на храмот Шаолин го преживеа“. Ќе чуете и дека долго време е поминато за да се сети  како е да се има родители . Но, на часовите по спортски вештини никој на тоа не се сеќава. Секој учи како на дејствата да им најде смисол во природната симетрија, во борбата меѓу змијата и жеравот. Учи како петте ливчиња на сливовиот цвет да ги поврзе со главата, рацете, нозете. „ Преокупирани на еден лист, нема  никогаш да го видте дрвото. Погледнете. Добро послушајте. Помиристајте. И потоа оставете му ред на размислувањето – кога вистината е веќе позната“, Нг Муи вели.

 ng-mui-potpis 


ПРЕДАВАЊАТА НА ПРОФ. НГ МУИ

All
Астрономија
Географија
Директори
Иновации
Литература
Музика
Природа
Рекреативна математика
Симболи
Спортски вештини
Уметност
Училишен лекар
Училиштето Никулец