Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close

Проф. Атлас Грегор

Проф. Атлас Грегор
Географија

Учете за работите што ги нема повеќе. Потребно е да ги разберете како понатаму би ги избегнале. Сеќавањето не е некоја алатка за истражување на минатото, туку нејзин театар – медиум на минатите искуства, баш онака како што е земјата медиум на закопаните градови. Оној кој сака да му пријде на своето затрупано минато – нека започне со копање, веднаш! Сиот тек на човековата историја може да зависи од промената во срцето на само еден осамен, дури и скромен поединец.

Атлас Грегор! Мистериозна појава низ училишните ходници – стар, блед лик, долга коса со сјајот на времето на неа заборавен и завлечлив чекор кој потсетува на пајак. Зборува со мек, воздржан глас, освен во моменти на раздразнетост. Атлас има силно, авторитетно присуство и способност да одржи тишина на часот без никакви напори – ладен, зајадлив, остар и саркастичен. Вешт е во притајување на мислите и чувствата, со одлична емоционална контрола за лесно задржување на своето прибрано однесување. Секој може да ја насети неговата осаменост. Не е допадлив во ниту еден случај. Но, штом неговиот суптилен ум започне да зборува, никој не сака да чуе ништо друго.


ПРЕДАВАЊА НА ПРОФ. АТЛАС ГРЕГОР

All
Астрономија
Географија
Директори
Иновации
Литература
Музика
Природа
Рекреативна математика
Симболи
Спортски вештини
Уметност
Училишен лекар
Училиштето Никулец