Добредојде во училиштето за вештини и мудрости - „Никулец“.

 

Истражуваме, вистински им се восхитуваме на сведоштвата, магиите и мистериите и учиме од најдобрите.

Училишниот РАЗГЛАС секојдневно одекнува низ училишните холови и училници, информирајќи ги учениците за часовите и предавањата на професорите и за сите останати новости.

Училишниот РАСПОРЕД го има централното место во училишниот хол и е главен информатиор за текот на часовите и предавањата на професорите.

Училиштето „Никулец“ е изградено од најдобрите директори и професори на сите времиња. Во училишниот ЛЕГЕНДАРИУМ ги откриваме нивните необични и изненадувачки приказни.

Училишната СЕКРЕТАРКА, г-ѓа Пандора Прут, е првата секретарка во училиштето. Доколку имате нешто нејасно обратете и' се - таа ги има одговори.

Ова не е прилика за долги говори, затоа истражувајте, замислувајте, смејте се, споделете, создавајте, учете,  напредувајте!

open close

Проф. Алберт Пи

Проф. Алберт Пи
Рекреативна математика

Не можеме да ги решиме проблемите со истото размислување кое сме го имале кога сме ги создале. Матемематичкиот факт дека две негативи, создаваат позитива, значи дека и во неповолни услови треба позитивно да размислувате. Природните правила се напишани на математички јазик – симболите се триаголниците, круговите и останатите геометриски фигури, без чија помош би било невозмошно да разбереме еден збор.

Тој е многу почитуван професор и тоа поради неговото љубезно и пријателско однесување, вкоренето во неговиот пацифизам. Скромен е за своите способности и има доста различни ставови и манири. На пример, ја минимизира својата гардероба, како не би губел време во одлучување што да носи. Повремено има и игрива смисла за хумор. Стереотип е и на „отсутен професор“. Често знае да ги заборави секојдневните предмети, како клучевите од училницата. Често знае внимателно да се фокусира на решавање на математички проблем, станувајќи несвесен за својата околина. Популарноста не одговара природно на срамежливата личност на Алберт Пи. Иако е особено впечатлив, особено поради фактот што е џуџе, тој често знае да им каже на оние кои го препознаваат: „Извинете, многу често ме помешуваат со професорот Алберт Пи“.


ПРЕДАВАЊАТА НА ПРОФ. АЛБЕРТ ПИ

All
Астрономија
Географија
Директори
Иновации
Литература
Музика
Природа
Рекреативна математика
Симболи
Спортски вештини
Уметност
Училишен лекар
Училиштето Никулец