Звучни ефекти

Знаете ли како звучи крик на тираносаурусот Рекс?

Но, размислете. Дали тираносаурусот Рекс сеуште талка по Земјата? Не! Тој е денес присутен само во филмовите. Во тој случај, од каде би знаеле како звучи неговиот крик?

Благодарение на тонските мајстори и звучните инженери, нашите омилени филмови, телевизиски емисии и радио програми, оживуваат звуци на нешта кои не се ни вистинити! Доколку некогаш сакаме да направиме филм за нешта кои повеќе не постојат, мораме да ги создадеме тие звуците кои некогаш постоеле.

Но, понекогаш е подеднакво тешко да ги доловиме звуците кои и денес постојат. На пример, крцкањето на врата создава мал звук. Во случај, во филмот или емисијата,  да е потребно затворањето на вратата да биде приметливо, тогаш се снима звучен ефект кој ќе го направи крцкањето погласно и позабележливо.

Звучните ефекти постоеле уште од многу одамна. Тие биле меѓу нас уште од појавата на радиото. Првите радио емисии најмногу содржеле драматични музички преработки. За да се пренесе убаво приказната, луѓето морале да се потпираат единствено на слухот. Посебните звучни ефекти биле клучни за карактеристично и впечатливо пренесување на музичка приказна.

Денес, филмовите од големите продукции ги поставија звучните ефекти на многу повисоко ниво. Со дигиталните звучни системи, кои се веќе присутни во многу театри и кина, филмовите започнаа да претставуваат вистинско уживање.

Но, како всушност се изработуваат тие звучни ефекти? Ајде да се присетиме на звуците кои ни се добро познати.

Звуците на ласерските, светлосни мечеви од филмовите „Војна на Ѕвездите“ не се производ од иднината, ниту пак се изработени со помош на комјутерски ефекти. Тие се создадени од тонски мајстор кој удирал со чекан на цврсто и тесно нанижани метални жици.

Но, што е со диносаурусите од „Џурасик Парк“? Никој всушност не знае како звучат диносаурусите, па затоа тонските мајстори морале да смислат звуци кои ќе бидат уверливи и веродостојни за луѓето да веруваат дека навистина произлегуваат од тие животни.

Резултат? „Гласот” на тираносаурусот Рекс е комбинација од звуци на различни животни, компјутерски обработени. Можат да се искомбинираат гровтања, рикања и цвичења на китови, лавови, алигатори, тигри и слонови, се со цел да се добие гласот на Рекс.

Звучните ефекти се создаваат од најразлични извори. Многу често немаат ништо блиско со реалното животно, суштество или предмет чиј звук или глас е претставен. Со малку фантазија и малку компјутерски трикови, нашите уши можат лесно да бидат намамени на звуци кои никогаш не сме сме ги чуле ниту пак сме верувале дека постојат.

Проф. Опус Харф

Професорот Опус Харф е фаун, човек со козји нозе и рогови. Тој е најмладиот самозаљубен професор во училиштето Никулец. Роден е во Баритон, најмузикалниот град во околината на Месечевите Планини. Таму научил да свири на сите музички инструменти. Научил да пее и создава музика уште од пет годишна возраст.