Уметност на звукот

Првите моменти во минатото, кога луѓето започнале да ги приметуваат звуците околу нив, довеле до организирање и спојување на сите тонови и развој на разни видови мелодии. Преку ваквата уметност на звукот, со ритамот, музиката и храмонијата, изразувале разни идеи и емоции.

Првите музички записи биле мошне едноставни и создадени со уште поедноставни инструменти. Раните цивлизации ги сметале тајните на музиката за свети – затоа ги чувале за посебни пригоди и ритуали.

Музиката низ времето се развивала заедно со новите машини и инструменти, а луѓето се повеќе се охрабрувале да создаваат што покомплицирани мелодии, со цел да ги провоцираат емоциите кај слушателите. Развојот на музиката бил во постојана потрага по нови тонови.

Критичарите велат дека новата музиката се помалку може да бидe оригинална – постојано потсетува на некои стари мелодии. Велат дека, доколку музичарите сакат да ја развиваат музиката, мора да го истражуваат секој звук на природата и на својот град.

Постојат 6 фамилии на звуците:

  1. Крикови, громови, експлозии, пиштења, тресоци и бучења
  2. Свиркања, пафкања
  3. Шепоти, жуборења, мрморења, клокотења
  4. Грепкања, крцкања, шумолења, зуења, стружења
  5. Звукови произведени со чукање по метал, дрво, камен, стакло и слично
  6. Гласови на животни и луѓе: викотници, врисоци, крици, завивања, лелекања, стенкања и липања.

 

Бесконечен е бројот на звуци. Доколу во нашиот дом имаме сто различни апарати, можеме да разликуваме сто различни звуци. Со благи удари или грепкања по предметите во нашиот дом, повторно можеме да чуеме уште поразлични звуци. Единственото нешто што треба да го направиме, е да ја искористиме нашата фантазија и убаво да ги искомбинираме.

Видео: Sound of Noise - Music for One Apartment and Six Drummers
Шест тапанари, користaт предмети за кои не би можеле да претпоставиме дека имаат музички карактеристики.
Проф. Опус Харф

Професорот Опус Харф е фаун, човек со козји нозе и рогови. Тој е најмладиот самозаљубен професор во училиштето Никулец. Роден е во Баритон, најмузикалниот град во околината на Месечевите Планини. Таму научил да свири на сите музички инструменти. Научил да пее и создава музика уште од пет годишна возраст.