Што го прави звукот погласен?

Звукот е вид енергија, создадена од вибрации. Кога предметите вибрираат, предизвикуваат движење на малите честички во воздухот.

Замислете си дека седите во тивка соба со ваш пријател. Доколку плеснете со дланките, ударот предизвикува раздвижување и вибрирање на воздухот околу вашите раце. Кога воздушните честички почнуваат да вибрираат, тие се судираат со другите честички кои се во нивна близина. Кога воздушните вибрирачки честички, удирајќи се една во друга, ќе допатуваат низ воздухот во вашите уши, тогаш започнувате да слушате звук.

Оваа реакција продолжува се додека честичките не ја потрошат својата енергија. Тоа се нарекува „звучен бран“.

Што се случува кога ќе ја зголемиме јачината на звукот на нашиот музички систем, компјутер или пак на телевизорот? Ние не ја зголемуваме само јачината на звукот, туку и неговата раширеност и распространетост!

Волумен, капацитет или пак јачина е интензитетот на звучниот бран. Волуменот е директно поврзан со амплитудата, што ја претставува висината на звучниот бран. Замислете си дека цртате океански бранови. Вдлабнатините меѓу брановите можеме да ги наречеме корита. Растојанието меѓу врвот на бранот и најдолниот дел на коритото, се нарекува амплитуда. Звучните и океанските бранови се две различни нешта, но функционираат на ист начин. Промената на амплитудата на звучниот бран, ја менува јачината и гласноста на звукот.

Доколку свирите гитара, вибрациите на жиците предизвикуваат распространување на воздушните молекули. Јачината на звукот зависи од тоа колку силно или нежно ги допирате жиците. Доколку ги допирате нежно, звукот ќе биле помек бидејќи ќе испраќа помало количество на енергија. Со помалку енергија, жицата помалку вибрира и раздвижува помалку воздушни молекули.

Доколку посилно удрите по жиците на гитарата, тие ќе ослободат поголемо количество на енергија и нотите ќе бидат погласни. Во овој случај, жиците подолго и посилно вибрираат и предизвикуваат подолго раздвижување на воздушните молекули. Со посилно удирање на жиците на гитарата, се зголемува аплитидата и го прави звукот погласен кога тој ќе пристигне до нашите уши.

Јачината на звукот зависи од амплитудата. Поголемата амплитуда, предизвикува погласен звук. Погледнете ги следните примери и одлучете кој предмет има најголема амплитуда:

  • врисок или шепот
  • труба или мјаукање
  • зуење на комарец или аларм на автомобил
  • огномет или виолина

Гласниот звук може да предизвика оштетување на осетливите нервни влакна кои се наоѓаат во нашето внатрешно уво. Благодарение на овие нервни влакна, можеме да ги примиме звучните бранови и да пратиме информација до нашиот мозок дека сме ги примиле. Изложувањето на многу гласен звук, може трајно да ни ги оштети нашите нервни влакна и да предизвика губење на слухот.

Намалената гласност на звукот е најдобар начин да го заштитиме нашиот слух.

Проф. Опус Харф

Професорот Опус Харф е фаун, човек со козји нозе и рогови. Тој е најмладиот самозаљубен професор во училиштето Никулец. Роден е во Баритон, најмузикалниот град во околината на Месечевите Планини. Таму научил да свири на сите музички инструменти. Научил да пее и создава музика уште од пет годишна возраст.