Келтска музика

Келтите имале посебна култура, прикажана преку нивните софистицирани уметнички дела. Музиката претставувала оригинален составен дел од оваа европска култура, но голем дел од нејзините карактеристики се изгубени за нас. Заклучоците за музичката култура на Келтите, првенствено се потпирале на римските и старогрчки извори, како и на археолошките наоди и толкувања, вклучувајќи ја реконструкцијата на древните келтски инструменти. Повеќето податоци за келтската музика, се централизирани околу воените конфликти и околу најзначајниот келтски иструмент – карникс.

Келтската музика значи две нешта. Најпрво, таа е музика на народите кои се идентификуваат себе си како Келти. Второ, таа се однесува на уникатните музички квалитетети на келтските народи. Голем број значајни, келтски музичари, како Алан Стивел и Педи Молони, тврдат дека различни келтски мелоси, имаат многу заедничко и овие мелодични практики, распространето се користат низ келтската музика.

votekstВо многу песни, мелодиската линија се движи нагоре и надолу по основните акорди. Мелодичната варијација може лесно да се претстави. Таа често се користи во келтската музика, особено преку звукот на кавалот и харфата. Лесно е да се предвиди и насоката на мелодијата, што значи дека компонираната или импровизирана хармонија е одлично претставена. Релативно поширокиот тонски интервал во некои песни, го овозможува нагласувањето на акцентите во поетската линија.

Од ударот на бодранот, до воздушната зарипнатост на дрвената шупелка, келтска музика е позната по своите инструменти: карникс, виолина, флејта, гајда, бомбарда, мелодиум, хармоника, мандолина, гитара, кавал, харфа, ударни иструменти…

Историски, Келтите опфатиле поголем дел од Европа, но последните упоришта им биле на западот каде сеуште лебдат нивните траги, во јазикот и во други културни аспекти. Постојат две главни групации. Шкотска и Ирска го сочинуваат галскиот регион, со слични јазици и уште послични музички стилови, додека пак Велс (западна Британија), Корнвол (југозападна Англија) и Бретања (северозападна Франција), формираат друга групација. Келтиските влијанија ги сретнуваме и во реоните на Галиција и Астуриjа, Шпанија, а исто така и во Португалија.

Келтската музика патувала далеку од овие појдовни точки. Масивните миграции на Ирците и Шкотите во перидот на 1850-тите години, ја донеле музиката во САД и Канада. Големите градови, Њујорк, Бостон, Чикаго, имаат различна традиционална музичка култура. Островот Кејп Бретон во Нова Шкотска, населен од шкотските емигранти, одржувал многу силна музичка традиција и денешните шкотски музичари, го изучуваат старите стилови од своите канадски роднини.

Келтската музика ја карактерисира еден добро познат стил, кој вистински ги истакнува сличностите и јасните меѓусебни влијанија на Келтите.

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.