Рундек Карго Трио: Пат околу светот во два часа (фото галерија)

Интересно е колку пати еден вешт и искусен музичар е во состојба да го промени својот музички пристап, а во исто време да успеe да го задржи својот идентитет.  Дарко Рундек е одличен пример за уметник кому не му се доволни првите трошки од музичката креација, туку со секој нов албум, јасно се гледаат чекорите кон нови пространства. Дали се чекорите насочени напред, назад, нагоре или надолу, не е важно – важно е дека се значајни.

Како новиот албум „Мостови“, така и вчерашниот концерт во МКЦ на Рундек Карго Трио, во рамки на оф-програмата на 17-тиот Таксират фестивал, беше како пат околу светот во два часа. Се чини дека Рундек Карго Трио така некако и функционира. Дарко придонел со своите лични патувања, Изабел со својот космополитски зачин, а феноменалниот мулти-инструменталист Душан е оној кој го држи сидрото, цврсто закопано на Балканот – тројцата во една прегратка: сè се прифаќа и испреплетува.

Галерија:
Фотографии: Радмила Бошкова

radmilda

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.