Оригиналната филмска музика во „Обликот на Водата“

Училишниот оркестар тивко ги штима инструментите во музичкиот хол во подготовки за изведба на музиката од филмот „Обликот на водата“ (The Shape of Water) од композиторот Александар Десплат.

Кога Александар Десплат создава музка која потсетува на „олд-скул“ композиција, ги местиме шаторите, седнуваме и слушаме. Тоа е звукот кој го сакаме откако прв пат сме чуле музика и секое безгрижно свиркање во романтичните мелодии нé сместува во најдобро расположение. „Обликот на водата“, е совршена комбинација на бајка и романса, а ние се фаќаме замечтаени низ најдобрите моменти и запленети низ сериозните.

Додека Гиљермо дел Торо го испитувал обликот на водата во оваа љубовна приказна помеѓу нема чистачка и суштеството со влажни очи и светкави крлушки, францускиот композитор го насочил своето внимание кон начинот на кој водата навистина звучи и начинот на кој ја чувствуваме.

Музиката на Десплат го потенцира човековото својствено во двата главни лика и ни овозможува да се вкорениме во овие двајца несовпадливи љубовници кои копнеат по разбирање, сочуство и нежност во свет кој дава многу малку.

Музиката во „Обликот на водата“ е уште едно големо остварување на Десплат кој се чини прилично неспособен да создаде ништо помалку од ремек-дело.

Александар Десплат го постигнува успехот во 2003 година, за оригиналната филмска музика во „Девојката со бисерна обетка“ (The Girl with a Pearl Earring), по кој се нижат бројни музички остварувања за филмовите: „Големиот Хотел Будимпешта“ (The Grand Budapest Hotel), „Кралицата“ (The Queen), „Необичниот случај на Бенџамин Батон“ (The Curious Case of Benjamin Button), „Фантастичниот Г-дин Лицес“ (Fantastic Mr. Fox), „Хари Потер и Даровите на Смртта“ (1,2) (Harry Potter and the Deathly Hallows – 1,2), „Говорот на кралот“ (The King’s Speech), „Девојката од Данска“ (The Danish Girl), „Игра на кодови“ (Imitation Game) и други.

Текст: Радмила Бошкова

radmildabelocrna

 

 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.