Нордиската митологија како музичка инспирација

Пишувавме за Медовината на поезијата, односно за митот како настанала поезијата, како Один, богот на творечкото вдахновение, ја освоил Медовината на поезијата за да ја дарува на боговите и луѓето и со тоа тие да станат „Господари на стиховите“. Со оглед на блискоста помеѓу поезијата и музиката, ми се чини дека тоа беше прикладен текст за да послужи како вовед во овој – нордиската митологија како музичка инспирација, односно, текст во кој ќе испочитуваме некои од музичарите на кои Один несомнено им дал по некоја голтка од Медовината на поезијата. :)


Да почнеме….

Кога пишуваме за врвни музичари кои се инспирирале од нордиската митологија, не можеме, а да не започнеме со еден композитор – генијалниот романтичар Рихард Вагнер (1813-1883) и неговото монументално (донекаде можеби и мегаломанско) дело „Прстенот на Нибелунзите. Оваа епска музичка драма е составена од четири дела: „Рајнското злато”, „Валкира”, „Зигфрид” и „Самрак на боговите”, со времетраење од 15 часа. На Вагнер му биле потребни 28 години за да ја напише.

vagner

Ride of the Valkyries. Richard Wagner

Прстенот на Нибелунзите” е инспирирана од старогерманските/нордиски приказни за „змејоубиецот“ Зигфрид (Сигурд), главен лик на епската поема „Песна за Нибелунзите” и исландската „Волсунг сага”, во која, покрај Зигфрид, се среќаваат и бројни други ликови од овие народни традиции, како неговата сакана Гримхилда, валкирата Брунхилда, врховниот германски/нордиски бог Вотан (Один) и други.

И покрај тоа што Вагнер важел за контроверзна и ексцентрична личност, ги пречекувал своите гости облечен во целосна средновековна витешка опрема или благородничка облека :), несомнено е дека „Прстенот на Нибелунзите” е вонвременско дело, а Вагнер вонвременски композитор и еден од најзаслужните луѓе за популаризацијата на Нордиската митологија во светот. Кој не ја слушнал „Летот на Валкирите” – се има најдено на филмови и цртани, а дел е и од стандардниот репертоар на класични композиции кои може да ги слушнете на плоштад Македонија во Скопје.


Но, кога е во прашање музика инспирирана од нордиска митологија, еден музички жанр се издвојува далеку пред сите – металот, па дури има и посебен под-жанр наречен „Викиншки метал”.

tekstledz


All hail BATHORY!

Bathory е бендот кој започна сé. Значи, не можам да ви опишам колку го сакам овој бенд и колку ОГРОМНО е неговото влијание во историјата на музиката. Се работи за шведски блек метал бенд, формиран во 1983 година од Томас Борје Форсберг, попознат под своето уметничко име Quorthon, кој е апсолутен креативен мастермајнд позади музиката на бендот. Во 1988 година, Bathory го вадат својот четврт албум, насловен „Blood. Fire. Death“ (лично, еден од најомилените албуми на сите времиња), со кој практично се првиот бенд кој ја востановува нордиската тематика како стандардна за својата музика и ги удираат темелите на т.н. “Викиншки метал”, иако албумот цврсто се држи до својата блек метал основа.

bathory

Bathory - Blood. Fire. Death.

Кога сме кај Викиншкиот метал, многумина тврдат дека таков жанр не постои и дека се работиза поим со кој се опишува металот со текстуална тематика инспирана од Викинзите и нивната култура.

Јас не се согласувам со тоа и мислам дека Викиншкиот метал е специфична музичка под-варијанта на блек металот, во кој се употребуваат рифови инспирарни од нордиската традиционална музика и чисти вокали, покрај стандардните блек метал рапави вокали и во кој, наместо стандардната блек метал експресија на меланхолија, бес и нихилизам, се внесува поведро чувство на епика, кое ве полни со сила и самодоверба.

Но, да се вратиме на Bathory. По “Blood. Fire. Death”, во 1990 и 1991 ги вадат албумите Hammerheart и Twilight of the Gods со кои го зацврстуваат Викиншкиот метал звук. По пауза од два треш метал албуми, Bathory се враќаат на нордиската тематика со „Blood on Ice, концептуален албум во кој се следи една приказна (додека го слушате албумов, обрнете повеќе внимание на текстовите на песните или напоредно читајте ги :)).

Во 2001 Bathory го вадат „Destroyer of Worlds, а во 2002, Quorthon ја отпочнува својата планирана Nordland тетралогија со објавувањето на Nordland I и II. За жал, ова епска, четвороделна, модерна, метал симфонија никогаш не беше комплетирана поради заболувањето на Quorthon од рак, што ќе биде и причина за неговата прерана смрт во 2004 година. Можеме само да претпоставуваме што уште можеше да извади генијалниот Quorthon.

Bathory - Nordland

Bathory засекогаш ќе остане запаметен како еден од најзначајните и највлијателни метал бендови на сите времиња, а името на Quorthon засекогаш ќе биде следено од епитетот Татко на Викиншкиот метал.


Еден од најдостојните наследници на Bathory, бенд кој целосно го зеде и го продолжи тој стил на Викиншки метал, е германскиот Falkenbach.


Друг блек метал бенд кој целосно ја прифати нордиската тематика и кој со време поргресираше кон Викиншки метал се норвежаните Enslaved.

enslavedfotka

Enslaved - Building With Fire

Бендот е формиран во 1991 од Ivar Bjørnson и Grutle Kjellson. Првите албуми како „Vikingligr Veldi“ и „Frost“, ви ги препорачувам само доколку сакате малку „пожесток“ звук. Со тек на време, Enslaved полека се оддалечуваат од класичниот блек метал звук, започнуваат да додаваат многу прогресивни елементи и прават еден одличен спој на блек, викиншки и прогресивен метал – еден новинар, нивниот најнов албум „In Times“ од 2015 година, го имаше опишано како „блекенд прогресивен космички викиншки метал” :). Од албуми ви го предложувам „Vertebrae, Axioma Ethica Odini и најновиот „In Times“. Одлични албуми со одлични песни, совршени за слушање за време на тивок дожд, кои имаат одлични метафизички текстови, со многу метафори и кои, доколку не ја познавате добро нордиската митологија, нема ни да знаете дека се инспирирани од неа.


Сличен бенд на Enslaved се и нивните норвешки сограѓани Borknagar.


Покрај блек металот, друг метал жанр кој во голема мера се инспирирал од нордиската митологија е фолк металот.

Бев 7-мо одделение кога за прв пат дојдов во контакт со фолк металот преку бендовите Folkodia (кои имаат и еден акустичен албум – “Forgotten Lore” од 2011) и Fferyllt чии песни во голема мера се инспирирани од нордиската митологија. Можете само да замислите колку среќно се чувствува едно дете фасцинирано со Викинзите кога ќе открие таква музика. :)

Од фолк метал бендови би го издвоил Heidevolk. Одличен бенд од Холандија, формиран во 2002 година. Одлична музика искомбинирана со по некоја акустична гитара или виолина и она што многу ми се допаѓа кај Heidevolk, е тоа што стиховите истовремено ги пеат два вокали и навистина звучи моќно. Омилен албум: „Walhalla Wacht од 2008 година.

Heidevolk

Heidevolk - Wodan Heerst

Друг фолк метал бенд (кој внесува и симфонични елементи) кој сакам да го истакнам тука се Финците Turisas, кои главно го следат патешествието на источните Викинзи – Варјагите. Не Викинзите кои пловеле по Северното Море и ја напаѓале Англија и ја откриле Америка, туку Викинзите кои тргнале да пловат по големите реки на Источна Европа, сé до Каспиското Море, ја формирале Русија, го опсаднувале Константинопол и тргувале со Арапите и Персијците.

Turisas

Turisas - To Holmgard and Beyond

Но, не сите фолк метал бендови пишуваат позитивно за Викинзите. Некои, како на пример легендарните Cruachan од Ирска, повеќе сакаат да пишуваат како Ирците и нивните јунаци како Брајан Бору ги „тепале“ Викинзите :). Одличен бенд, вреди да се слушне, посебно нивниот најнов албум „Blood for the Blood God од 2014 година, особено ако сакате ирска музика.

Cruachan

Cruachan - Born for War The Rise of Brian Boru

Постојат мал милион фолк метал бендови со нордиска тематика кои чекаат на вас да ги откриете. Ако сте повеќе фанови на покласичниот хеви метал звук или на power metal звукот, тогаш ви ги предлагам Týr. Ако пак сакате Doom/Stoner метал, тогаш обавезно да ги слушнете The Flight of Sleipnir.

Сега доаѓаме до можеби најпопуларниот бенд во светот, кој е инспириран од нордиската митологија – Amon Amarth – мелодичен дед метал бенд од Шведска, формиран во 1992 година. Моќни вокали – заразни рифови, така најдобро може да се опише музиката на Amon Amarth. Омилен албум: „Twilight of the Thunder God од 2008 година.

Еден мал факт за песната Guardians of Asgaard на овој албум – гостинските вокали на песната се во изведба на швеѓанецот со македонско потекло Ларс Горан Петров, инаку вокал на бендот Entombed. :)

amonamarth

Amon Amarth - Guardians Of Asgaard

Ако ги сакате Amon Amarth, ќе ви се допаднат и Полјаците Valkenrag. Ако пак не сте многу фанови на мелодичниот дет метал и го сакате „мрсниот олдскул” дет метал звук, тогаш Unleashed е бендот за вас.

Тука би направил и еден shutout до стариот калифорниски треш метал бенд Viking, кој освен името скоро ништо друго нема врска со Викинзите, ама заради името сакав да го спомнам. :) :)


Сега се префрламе на нео-фолкот и амбиенталната музика, кои беа популаризирани од бендови како Faun (кои имаат и песни инспирани од нордиската митологија и историја како Iduna и Egil Saga) и Omnia.

Овој жанр бил набрзо прифатен и од голем број метал музичари, кои решиле да се прфрлат во нови музички води. Таков е и случајот со популарните Wardruna за кој веќе е пишувано на порталот. Тука би го споменале и спојот на амбиенталниот нео-фолк на Wardruna и металот на Enslaved во форма на музичкиот проект Skuggsja.

Норидскиот нео-фолк стана доста популарен и постојано никнуваат нови бендови и проекти, но меѓу нив, според мене, еден се издвојува – Forndom.

forndom

Forndom - Resan

Уметнички проект на швеѓанецот H.L.H. Swärd, започнат во 2012 година, претставува совршен спој на музика и фотографија. Досега има две музички изданија: еден Extended Play од 2015 под името „Flykt и еден врвен албум од оваа година под името „Dauðra Dura. Неговите фотографии пак можете да ги погледнете на официјалната Facebook страница на Forndom.

Forndom - Nio Natters Led

Други амбиентални нео-фолк проекти со нордиска тематика: Eliwagar, Leidungr, Heilrung, Sun and Moon Dance и многу други.


За крај сакам да ја спомнам и Eivør, одлична музичарка од Фарските Острови која комбинира поп музика и нео-фолк.

eivor

Eivør - Mín Móðir

Ова беше текст кој долго време сакав да го напишам и се надевам дека ќе ја споделите и вашата омилена музика инспирарна од нордиската митологија и историја и така сите ќе си читаме саги и ќе си слушаме викиншка музика.

Skål! :)

Текст: Игор Ефтимовски

Студент по Археологија на Филозофскиот Факултет, Скопје; ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ „Цар Самоил” – Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013); креатор и уредник на блогот Историски, наменет за популаризација на Историјата и нејзините сродни науки; учесник на научните трибини: „Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор”, „1000 години од смртта на Цар Самоил”; автор на изложбата „Македонија и Преспа во делата на странските картографи – од II до XIX век”.

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.