ХАХАХА го обедини Скопје
26-ти декември, 2014 година, МКЦ

ХАХАХА – неуморниот, скопски, инди-рок музички состав, на 26-ти декември го одржа последниот концерт. Зад себе ни оставија уникатен звук и музика полна со емоции од сите албуми: „Танго револуционер“ (2011), „Сиромашни и богати“ (2012) и „Сами мажи и жени“ (2014). Не постојат зборови кои се совпаѓаат со ваквите моменти.

Камера: Кочо Сотировски
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.