За исландските саги
Да почнеме со прашање: Која е најдобрата читачка земја во светот?

Неодамнешни истражувања велат дека во Исланд, повеќе книги се годишно напишани, објавени и продадени по лице, отколу на било кое друго место на планетата. Во просек, еден Исланѓанец чита по четири книги во текот на годината, додека пак еден од десет, нешто објавува во текот на животот.

Причините се повеќекратни: долги, темни, зимски ноќи, географска експанзивност која го прави и патувањето до кино, да речеме – потешко, голем избор на добро опремени книжарници, малубројно население, но можеби најголемиот дел се сведува на познатиот исландски книжевен производ, Сагите. Сагите остануваат суштински дел од исландскиот идентитет и до денес. Нивното присутво во земјата е неизбежно.

Со настаните кои се случуваат скоро 50 години, во периодот на 1000-та година, запишани од бројни автори чиј идентитет можеме само да го погодуваме, овие колекции на приказни се едни од најбитните европски дела. Трагични како Шекспир, шарени како Кантербериските приказни, сагите содржат монументални моменти и тоа не помали од откритијата на нордискиот истражувач Лејф Ериксон на големиот остров, кој го нарекол Винланд, за подоцна да биде поделен на два дела, преименувани во Канада и Америка.

Уште поважно, Сагите веројатно сеуште влијаат на начинот на кој денес раскажуваме и читаме приказни. Приказните на Хомер можеби им претходат на Сагите. Неговите дела се фантастични кои се однесуваат на митски суштества, богови, неверојатни пресметки и љубов. Иако голем дел од сагите се троловите и духовите, остатокот останува втемелен во реалноста. Раскажуваат приказни за земјоделците, семејствата, борците, љубовниците, царевите, за предавството и тешкотијата и се многу веројатни и уверливи. Жените имаат силна улога – некои ликови, како Гудрид Торбјарнардотир, се незаборавни. За неа се верува дека е првиот човек од европско потекло, родена во Америка.

Стилот во кој се пишувани сагите, е како некој од најдобрите денешни фантастични дела – скромен и едноставен. Ликовите се во постојано движење (најчесто со брод), а раскажувачите остануваат нечувствителни и непристрасни. Луѓето живеат и умираат без сентименталности и судови. Тоа нешто читателот го одредува.

Низ серии на самостојни приказни, овие предвремени автори предаваат комплекни и мулти-генерациски записи во еден тон кој, иако е роден во многу поразличен филозофски период, ги прави изненадувачки прифатливи и по цел еден милениум.

Најбитно! Сагите создале желба за одреден вид на литература кој ден денес е видлив.

Текст: Радмила Бошкова

radmildabelocrna

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.