Лав Николаевич Толстој

Хероината на мојата приказна, која ја љубам со сета моќ на душава, која сум се обидел да ја претставам со сета нејзина убавина, која била, е и ќе биде прекрасна, вистината е.

forever

Лав Николаевич Толстој (9 септември, 1828 година – 20 ноември, 1910), е роден во Јасна Полјана. Потекнува од аристократско руско семејство, поврзано со некои од најмоќните руски фамилии. Всушност, Толстој бил четврти братучед на Александар Пушкин.

Во раните години од неговиот живот, се борел со своите студии и летал низ животот, завршувајќи во огромни коцкарски долгови. Заситен од својот бесцелен и бесмислен живот, волонтира во руската армија, но ова ново искуство како војник, го доведува до моментот да стане пацифист во подоцнежниот живот. Забелешките собрани од бојното поле, можеме да ги најдеме во „Севастополските раскази“, кои го издигнале како еден од водечките руски писатели, привлекувајќи го вниманието дури и на актуелниот цар. Навраќајќи се на овие години, подоцна во Исповедите од 1882 година, тој горко жали за изарчените години во армијата.

tolstojcitat

Толстој имал длабок интерес во потрагата по поголемо разбирање и оправдување во животот. Патувал широко низ Европа, но се повеќе го разочарувала материјалистичката страна на европската буржоазија. Полемизирал и со оние со кои не се согласувал како Иван Сергеевич Тургенев (нашироко сметан за најдобар руски писател од неговата генерација), а развива и благонаклонетост кон селаните, сиромашните и оние кои биле угнетени од општеството. Наоѓал начин како да им помогне и служи.

Во 1862 година, се оженил со Софиjа Андреевна Берс, помлада од него цели 16 години. Овој брак, обезбедил степен на стабилност од каде Толстој ги создал неговите најголеми дела  Војна и Мир и романот Ана Каренина.20TOLSTOЈ

Војна и Мир е едно од најголемите литературни достигнувања и е неверојатено во својот домен, реализам и чувство на историја. Некои од ликовите биле вистински историски луѓе, а некои измислени. Во него опишани се во најпрецизни детали настаните кои довеле до француската инвазија на Русија, како и влијанието на Наполеон врз царистичкото општество, кое го гледаме преку судбините на петте руски аристократски семејства. За Толстој, делото никогаш не било роман: „Не не роман, а уште помалку дека е поема, туку е еден вид историска хроника“.

Војна и Мир

1238179515

По епските Ана Каренина и Војна и Мир, Толстој се подложува на промена на религиски и филозофски став. Под влијание на будизмот и Беседата на гората на Исус Христос, тој развива пацифистчко-анархистичка филозофија и ја поддржува граѓанската непослушност со цел подобрување на благосостојбата на угнетените. Неговата филозофија и христијанскиот анархизам, почнале да привлекуваат приврзаници кои создавале идеалистични Толстој комуни – на овој начин е создадено Толстојското општествено движење. Сепак, Толстој иако воодушевен од идејата за ова движење, никогаш не ги охрабрувал луѓето да се приклучат на истото, сметајќи дека секој треба да има своја свест. Православната црква го екскомуницирала, но неговото наследство како писател, морален мислител и реформатор останало длабоко вкоренето во светската литература и филозофија.posledna-tolstoj

 

 

Текст: Марија Јовановска

marulka

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.