Зошто бил изграден големиот Кинески ѕид?

Околу 221 година пред нашата ера, моќниот кинески цар Ши Хуанг Ти обединил повеќе делови на Кина. Но, северно од неговото царство, во пустините, живееле варварски номадски племиња. Ши Хуанг Ти чувствувал дека овие племиња претставувале опасност за неговото ново царство. Од таа причина, наредил да се подигне голем ѕид, кој би ги штител сите северни провинции на Кина.

Кинескиот ѕид бил навистина огромен проект. Биле потребни околу 15 години за неговата изградба. Нешто подоцна, ѕидот бил продолжен, многу пати доградуван, но и делумно уништуван. И покрај тоа, сеуште постои голем дел од овој ѕид.
Иако зборуваме за маркантно големо здание, царот сепак не успеал да ги спречи упадите на номадите во Кина. Некои делови од ѕидот постојано биле оштетени. Ова го искористиле варварите Монголи, кои упаѓале на територијата на царот преку таквите оштетени делови. И не само тоа. Ни самите Кинези не се држеле до својот ѕид. Селаните понекогаш ја обработувале земјата и надвор од ѕидините. Но, и покрај сето тоа, Кинескиот ѕид служел (и сеуште служи) како граница меѓу кинеската и монголската култура, меѓу земјоделскиот и номадскиот начин на живот.

Кинескиот ѕид е најдолгиот ѕид на светот и најголемиот одбранбен објект некогаш изграден. Ако се земат во предвид сите благи кривини, долг е преку три илјади километри. Со оглед на тоа што станува збор за одбранбен ѕид, сосема е логична местоположбата. Се протега долж планински гребени и стрмни клисури. Висок е 5-10 метри, а бил изграден од земја, камења и цигли. На рамномерни растојанија од ѕидот се издигнуваат стражарници. По должината на врвот од ѕидот направена е стаза, широка 4,5 метри.

На 7 Јули 2007 година, Кинескиот ѕид беше прогласен за едно од новите 7 светски чуда.

Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.