Приказната за Таџ Махал

Таџ Махал е музеј што се наоѓа во Агра, Индија. Величенствената градба е едно од седумте чуда на новиот свет. За Таџ Махал е поврзана една тажна, но истовремено и убава љубовна приказна. Кога Таџ Махал навистина не би постоел, луѓето можеби би си помислиле дека приказната за неговата изградба е вистинска бајка.

Пред речиси четиристотини години, во Индија владеел шах Џахан. Својата најмила жена, која била убава, но и многу мудра, толку многу ја сакал, што не се одвојувал од неа. Ја назначил и за свој советник. Името и било Мумтази Махал, или скратено Таџ Махал, што во буквален превод значи „драгоцен камен на палатата“. Луѓето зборувале дека оваа жена имала многу позитивно влијание на кралот. Тој на обалата на Џамна и изградил вистинска рајска градина. Во еден стар зачуван документ било запишано:

taj-mahal-silhoutte_1x

Ништо не смее да и ги повреди нежните нозе на принцезата додека шета низ градината.

Во 1630 година, љубената жена на владетелот умрела при пораѓај. Имала 39 години. Шах Џахан толку бил натажен, што помислил да го напушти престолот. Одлучил на својата сакана да и го подигне најубавиот споменик кој некогаш постоел. Ги повикал најдобрите уметници и архитекти од Индија, Турција, Персија и Арабија и од нив побарал да изградат нацрт за споменикот. Градината на брегот на реката Џамна, во сопственост на раџата Џај Сингх, била местото кое царот го избрал, на кое требало да се изгради почесната гробница. Дваесет и две илјади луѓе работеле повеќе од 18 години на изградбата на Таџ Махал, едно од најубавите зданија во светот.

Градбата е поставена на мермерна основа висока 7 метри, со квадратна форма. Минариња, или кули се издигнуваат на сите четири агли, а самата зграда е висока 60 метри. Таџ Махал е осумстрана градба од бел мермер, украсена со 12 врсти полудраги камења, како и натписи од Куранот изгравирани на црн мермер. Градежниот материјал бил носен од многу земји, од Арабија, Египет, Тибет и разни делови на Индија.

Кралот имал намера за себе да изгради потполно ист таков маузолеј, но од црн мермер, на другата страна на реката преку која би водел мост направен од сребро. Но, времето на неговото владеење завршило со несреќни случувања, исто како што и започнало. Борбата за престолот била немилосрдна. Пред изградбата на „црниот дворец“ да биде завршена, неговиот син кој живеел развратнички живот во палатата, го затворил татка си во дворецот. Таму царот останал до крајот на животот, гледајќи преку реката, во дворецот-гробница на жената која ја сакал.

Историчарите ја нарекуваат „Сон во мермерот“ и „Апотеоза на индиската женственост“. Карл Бадахер во една прилика има кажано: „Целокупниот впечаток, ја надминува секоја претпоставка“. „Она што го мислам, не можам да го искажам“ – коментирала угледна англиска дама гледајќи во Таџ Махал, „но, знам дека би посакала утре да умрам кога ваков споменик би се изградил во моја чест“.

Во блескавата водена површина покрај дворецот пловат лотосови цветови, од влезната врата, низ градината, па сé до Таџ Махал. Гордата градба од снежно бел мермер, опколена со идилични цветни градини, под темно синото индиско небо останува да сведочи за љубовта на еден индиски крал кон неговата беспрекорно убава, мила и умна жена.

 

Текст: Милена Крстева

micha

Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.