Како се граделе египетските пирамиди?

Никој со сигурност не знае колку се стари пирамидите. Египетските пирамиди биле прастари и загадочни уште илјада години пред новата ера. Кеопсовата пирамида на пример, најстарата и најголема пирамида во Гиза, ја изградил фараонот Кеопс од четвртата династија, околу 2900 година пред нашата ера.

Пирамидите се всушност гробници. Древните египетски кралеви верувале дека нивниот задгробен живот зависи од тоа колку ќе се сочува нивното тело по смртта. Од таа причина, телата на умрените ги балсамирале, а мумиите биле сокривани длабоко под површината на земјата, во внатрешноста на овие огромни камени зданија. Дури и надворешните ходници биле затрупувани и сокривани од можните ограбувачи. Во гробниците се оставало храна и се’ останато, што по верувањето на Египјаните им било потребно на кралевите за нивниот задгробен живот.

Изградбата на така големи зданија претставувала извонреден архитектонски подвиг. Се смета дека 100 000 луѓе ја граделе Кеопсовата пирамида цели 20 години. Секој од камените блокови е висок 2 метри, а некои од нив достигнуваат должина и од 5 метри. Приказната за градењето токму на оваа пирамида е мошне интересна.

Варовничките и гранитните блокови од кои била израдена Кеопсовата пирамида биле вадени од каменоломите на југ, од другата страна на реката Нил. Преку реката биле пренесувани со посебни чамци, што пак можело да се изведе единствено на пролет, кога Нил се излевал од своето корито. Имајќи го предвид ова, воопшто не нѐ изненадува податокот дека биле потребни цели 20 години и околу 500 000 вакви пловидби, за да се пренесе потребната количина на камења.

Воопшто не нѐ изненадува податокот дека биле потребни цели 20 години и околу 500 000 вакви пловидби, за да се пренесе потребната количина на камења.

Чамците се растоварале на простор кој бил наменет исклучиво за таа дејност, а кој бил поврзан со калдрмен пат, со местото каде се ѕидала пирамидата. Потоа група луѓе ги влечеле камените блокови по патот, на санки специјално коструирани за таа цел. Секој од тие блокови тежел околу два тона. Следниот чекор од изградбата се состоел во уредно редење на камените блокови, а потоа друга група луѓе ги извлекувале до местото на кое се градела самата пирамида. Проценето е дека Кеопсовата пирамида се состои од 300 000 камени блокови.

Со оглед на тоа што пирамидата растела во висина, било неопходно да се изградат огромни рампи, како би се овозможило подигнување на градежниот материјал на повеќе нивоа. Секој ред на пирамидата бил направен од парчиња варовник, поставени еден до друг. Малтерот повеќе се користел за поставување на камените блокови, отколку за нивно поврзување. Во средината на пирамидата биле вградувани необработени парчиња камења, додека оние на надворешните страни биле многу внимателно обработувани.

Површината на пирамидата се состои од мазен варовник, со одвај забележливи спојувања. Во внатрешноста има три простории поврзани меѓусебно со ходници. Влезот е лоциран на северната страна, а во срцето на пирамидата се наоѓа кралската одаја каде бил сместен саркофагот изработен од црвен гранит. Кога завршила изградбата, Кеопсовата пирамида била висока 146,5 метри, но со текот на времето се смалила за 10 метри. Секоја од страните на пирамидата е внимателно ориентирана кон една од четирите страни на светот. Хоризонталниот пресек на градбата, во било кој нејзин дел има квадратеста форма, а должината на страните на основата изнесува 229 метри.

Околу пирамидата на фараонот Кеопс биле изградени и гробници за работниците, кои се нарекувале масатби. Во нив биле погребувани и членови на кралските семејства. Мастабата е староегипетска гробница со облик на паралелограм, со рамен покрив и коси страни.

Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.