Како се чувале мумиите

Мумија е препарирано, сочувано тело на мртов човек. Зборот мумија доаѓа од арапскиот јазик и значи „тело сочувано со помош на восок, или катран“. Но, зошто старите Египјани сакале да ги сочуваат телата на умрените? Затоа што верувале во задгробен живот. Ги замислувале душите како птици со човечки ликови, кои дење летале наваму – натаму, но ноќе морале да се вратат во гробот, поради стравот од злите духови. Тоа било причината, поради која Египјаните ги мумифицирале лешевите, како би можеле душите да ги препознаат и на тој начин, секоја од нив би знаела во кој гроб треба да се врати.

Пред околу 3000 години пред нашата ера, Египјаните ги погребувале умрените во склопчена (ембрионална) положба, во врелиот пустински песок, кој го чувал телото од распаѓање. Нешто подоцна, угледните личности биле погребувани во пирамиди, во гробници издлабени во камења. Но, пирамидите и камените гробови не биле толку суви како пустинскиот песок, па луѓето морале да смислат начин како лешевите да се одржат и сочуваат во таквите гробници. Така настанал процесот на мумифицирање.

По смртта, од телата на починатите биле вадени мозокот, органите за варење, срцето и белите дробови. Овие органи се чувале засебно, во четири садови кои ги викале „канопски вазни“. Во подоцнежната доба, органите се враќале во телата на умрените.

Откако ќе се изваделе органите, во мртвите тела се ставале соли, кои заедно со сувиот пустински воздух ја извлекувале влагата. Кога лешот ќе се исушел, ќе го искапеле и истриеле со борова смола, а потоа го замотувале во стотина метри долго платно, потопено во восок или катран. Понекогаш, наместо соли, телата се балсамирале со разни тревки, а потоа биле потопувани во вински алкохол. Платната кои се користеле за обвивање биле слични на завој. Целата таа постапка траела седумдесет дена.

За тоа време, каменоресците иработувале сандак за мумијата. Ако покојниот бил богата и важна личност, се правеле повеќе сандаци со различна големина и истите се сместувале еден во друг. Сликарите ги цртале таквите сандаци со живи бои, а ѕидовите на гробниците биле украсувани со текстови и слики, кои говореле за животот на починатиот. Потоа се собирале сите негови драги предмети и се ставале заедно со мумијата во гробот. На тој начин, по верувањето на древните Египјани, човекот бил спремен за својот следен  живот.

mumija

Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.

One Response to “Како се чувале мумиите”

  1. Како се граделе египетските пирамиди?,

    […] Од таа причина, телата на умрените ги балсамирале, а мумиите биле сокривани длабоко под површината на земјата, во […]