Големата Данска Армија
Викинзите вршеле напади над Англија со години. Првиот во 793 година, бил над манастирот во Линдисфарн.

Во втората половина на IX век, со значително зголемена сила, ја нападнале и опустошиле територијата на денешна Англија, но исто така и населиле голем дел од земјата, што подоцна ќе има значајно влијание и големи последици за понатамошниот тек на англиската историја.

Оваа инвазија на Викинзите, Англо-саксонците ја нарекле Големата Данска Армија, позната и под името Големата Паганска Армија. Армијата претставувала коалиција на нордиски воини од Данска, Норвешка и Шведска, кои ги соединиле силите и застанале под единствена команда.

Името е изведено од англо-саксонските Хроники од 865 година.

stripvikings


Големата викиншка сила ја погодила Англија во 865 година. Според легендата, синовите на Рагнар Лотброк, барале одмазда за смртта на својот татко, кој бил грозоморно убиен од кралот Ејла од Нортамбрија. Се смета дека тројца од неговите синови (УбеИвар Бескоскениот и Халфдан Рагарсон) биле лидерите на војската. Армијата вклучувала воини од цела Скандинавија, за на крајот да претставува армија за освојување, а не на експедиции и напади. Конфликтот траел околу 14 години.

Инвазијата започнала во Источна Англија, која станува почетна точка за напади кон сите четири англиски кралства. Владетелите на Источна Англија избираат мир наместо борба и дозволуваат да се направи викиншко засолниште во рамките на нивната територија и на Викинзите им обезбедуваат коњи во замена за мирот. Исто така и Нортамбријаните одбиле да војуваат, им платиле откуп на напаѓачите, но сето тоа го направиле под закана. Имено, Големата Армија го заробила кралот Ејла, за подона да го убие со примена на суровиот метод „крвав орел“ (blood eagle). По грозоморната смрт на кралот, лидерот на Викинзите Ивар Бескоскениот вовдедува владетел-кукла (лице кое поседува политичка моќ, но е контролирано од надворешни поединци или сили).


По освојувањето на Источна Англија и Нортабрија, паганската војска ја нападнала  Мерсија. Нотингем паднал речиси веднаш, но Весекс тргнал во марш за спас на Мерсија. Котра-нападот се покажал како ќор-сокак, па по примерот на Нортамбрија, Мерсија платила голем надомест. Викинзите се вратиле во Нортамбрија, а подоцна и во Источна Англија, каде се кренал бунт кој не им помогнал, бидејќи го изгубиле кралот во 870 година.

Големата Армија се чинела непобедлива. Од Скандинавија пристигнувале засилувања за инвазијата на Весекс. Но, работите не оделе според планираното. Англо-саксонците нашле достоен противник на Викинзите, братот на кралот Етелред, Алфред кој ги водел неговите сили во победа во битката кај Ешдаун. Етелред починал три месеци подоцна, по што круната ја превзел Алфред.

novamapazaheathenarmy


Првично, Алфред ги поткупувал Викинзите, купуваќи време да ја зацврсти својата одбрана. Следните неколку години, Нордијците се поделиле во две различни сили. Едните тргнале во поход кон Шкотска, но подоцна се вратиле во Англија за да ја формираат Данелаг (анг. Danelaw) – територија од Англија каде законите на Данците доминираат врз оние на Англо-саксонците.

Втората група воини, предводена од Гутрум, тргнува во поход кон кралот Алфред. Со значително намалена сила, битката кај Етандун во 878 година, била погубна за Скандинавците. Иако со првичен успех, Алфред започнал со стратегијата за конечен пораз на паганските освојувачи. Конечен мир бил воспоставен со Договорот од Ведмор, кој ја поделил Ангија на два дела. Со тек на време, Викинзите ја спознаваат глупавоста во нападите кон Алфред и неговата импресивна одбрамбена мрежа и морнарица. До крајот на X век, Весекс останува цврсто во анхло-саксонски раце, а Источна Англија останува под скандинавска контрола.

heathenarmy2 (2)


Големата Паганска Армија ги уништила кралствата во Англија. Тоа била најголемата викиншка сила која ја погодила Англија со невиден бес. Нортамбрија, Источна Англија и Мерсија падналe во рацете на Sкандинавците. Eдинствено, неосвоено останало кралството Весекс, благодарение на кралот Алфред . На крајот, Скандинавците одлучиле да го ибегнуваа ова кралство и лукавиот Алфред.

Текст: Марија Јовановска

crnobelabad

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.