Временски зони

Земјата се врти околу својата замислена оска секои 24 часа. Овој период од 24 часа се нарекува деноноќие.

Замислете си дека ја осветлувате земјината топка со џебна батерија. Само една старана од земјината топка би била осветлена. Другитот дел би бил во мрак. Како што Земјата ротира, различни нејзини делови се осветлуваат и замрачуваат. Тоа се всушност, денот и ноќта.

Кога местото каде што се наоѓаме во моментот, започнува да се врти кон Сонцето, го гледаме изгрејцонцето. Откако нашето место ќе ја напушти сончевата светлина, го гледаме зајдисонцето.

Во доцните години на 1800-та година, научниците пронашле начин како да го поделат светот во времески зони. За да можат да изградат карта на времеските зони тие го проучувале движењето на Земјата.

Како што Земјата ротира околу својата оска, на секои 60 минути се придвижува за 15 степени. По 24 часа исполнува цел круг од 360 степени. Научниците ја искористиле ова информација и ја поделиле планетата Земја на 24 дела или временски зони. Часовен појас ( или „временска зона“) е регион на Земјата кој има усвоено исто време, кое вообичаено се нарекува локално време. Најголемиот број часовни појаси се разделени по еден час.

Секоја времеска зона е 15 степени од георграфската должина. Меридијан (или линија на географска должина) е замислен лак околу површината на Земјата од Северниот до Јужниот пол. Сите места кои се наоѓаат на даден меридијан се вели дека се на иста географска должина. Нултиот меридијан е меридијанот на кој должината се зема како 0° и тој е првата замилена оска од географска должина. За нулти меридијан се зема линијата што минува низ Кралската Опсерваторија во Гринич, предградие во Лондон.

Времето во Гринич се нарекува Средно време. Ако се движите на запад од Гринич, на секој 15 степени е всушност 1 час поназад од средното време. Доколку се движите на исток е 1 час понапред од средното време.

Најголемиот часовник на светот, според Гинисовата книга на рекорди, е Ројал Мека Клок, кој се наоѓа на облакодер во исламскиот град Мека.

Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.