Велигденски острови

Сигурно сте посакале да одите на крстарење на некој далечен остров? Ако е така, тогаш запловете длабоко во својата фантазија кон полинезискиот остров кој се наоѓа на југоисточниот Пацифик.

Народното име на островот е Рапа Нуи. Името „Велигденски Остров” потекнува од холандскиот истражувач Јакоб Рогевен, кој е всушност и неговиот прв европски посетител. Тој за прв пат го посетил островот точно за време на велигденското неделно попладне во 1722 година.

За Велигденскиот Остров се верува дека претставува еден од најдалечните населени острови во светот. Се смета за посебна територија на Чиле позната по дури 887 огромни статуи. Тие статуи се наречени Моаи и биле создадени од народот Рапа Нуи, помеѓу 1100 и 1680 година.

Велигденскиот Остров е светско културно наследство на УНЕСКО. Голем дел од островот, како и Моаи статуите, се заштитени во рамките на Рапа Нуи Националниот Парк. Огромните камени Моаи статуи, во минатото народот ги нарекувал „Главите на Велигденскиот Остров“. До ден денес, научниците се трудат да пронајдат нови Моаи статуи кои сеуште се закопани под земја. Речиси сите статуи биле направени од зацврстен вулкански пепел, од згаснатиот вулкан Рано Рараку. Вајарите од Рапа Нуи, користеле само камен и длето и рачно ги изработувале оргомните статуи.

За изработка на една Моаи статуа бил потребен тим од шест мажи и период од една година. Експертите веруваат дека секоја статуа можеби претставува некој починат водач или поглавар на некое од првите Рапа Нуи семејства. Еден дел од статуите останале во каменоломот во Рано Рараку, а друг дел биле транспортирани низ други области од Велигденскиот Остров. Фактот што ги фасцинирал истражувачите е – како Рапа Нуи народот успеал да ги пренесе овие статуи (од кои некои тежеле и над 80 тони) дури 17,7 километри во далечина, без никаква помош од кочии или животни?

Иако експертите и научниците смислиле голем број на теории за тоа како пред стотици години староседелците ги транспортирале овие огромни статуи, сепак, до ден денес, никој со сигурност не знае како и колку од статуите стигнале на своите локации.

Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.