Улици

Кога ќе ја чуете именката улица, булевар, Партизански Одреди, булвар Илинден, улица Македонија, што ли ви паѓа на памет? Дали можеби размислувате на сообраќај, автомобили, луѓе, светла, шеталишта, споменици и ред други работи?

Улиците се поплочени делови од некоја населба, кои служат за слободно движење на луѓето и возилата. Улиците можат да бидат еднонасочни – доколку сообраќајот се одвива само во еден правец; двонасочни – доколку сообраќајот се одвива во двата правци; пешачки зони – доколку на нив е дозволен сообраќај единствено за пешаци.

Улиците се вообичаено именувани по познати личности и херои (булевар Јане Сандански), по познати градови (Копенхагенска, Анкарска, Атинска), по топографски знаци, планини, реки (улица Шар Планина) и друго. Многу често улиците се именуваат според карактеристични работи кои постојат во блиското соседство.

Колку имиња на улици знаете?

Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.