Што се номади?

Номади се заедници на луѓе кои немаат постојано место на живеење и често патуваат. Голем број номади прават преселби со промените на годишните времиња, во потрага по храна, вода и места каде животните кои ги чуваат и одгледуваат, би можеле да пасат.

Низ светот, постојат од триесет до четириесет милиони номади. Некои цивилизации, отсекогаш биле номади.

Постојат три вида на номади:

  • номади кои се селат поради ловење
  • номади кои се преселуваат поради трговија
  • номади кои се преселуваат поради пасишта.

Номадите кои се селат поради лов се најстариот вид номади кои постоеле отсекогаш. Тие се селеле мошне често, во потрага по овошје, зеленчук и животни. Пред 10 000 години, сите луѓе биле ловци.

Со развојот на земјоделството, потребата за постојани преселби била намалена. Денес постојат и помал број на номади – ловци, а оние кои се останати ја снабдуваат својата храна со одгледување на добиток.

Номадите кои чувале големи стада добиток, морале постојано да се преселуваат поради пасиштата. Добитокот ја јадел сета достапна храна во околината. Тие се преселувале, со цел испразнетите пасишта повторно да пораснат со храна. Иако немале постојани живеалишта, овие номади се движеле во определен реон. Во зависност од големината на нивните стада, реонот во кој се движеле можел да биде голем стотици или илјадници квадратни километри. Кога одбирале реон во кој би живееле неколку недели или месеци, често граделе лесно преносливи домови наречени јурти, чии рамки биле направени од дрва, покриени со теписи од филц.

Единствените номади кои би можеле да ги сретнеме во индустриските реони се оние кои се преселувале поради трговија. Овие номади често патувале бидејќи имале свои бизниси и трговии, како циркуси.

Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.