Што е Голфска струја?

Под морска струја се подразбира хоризонталното движење на морската вода, во вид на бавно течење на реки без брегови, во океаните и во морињата. Морската, или океанската струја може да има огромни димензии, од неколку десетици до стотици километри широчина и илјадници километри должина.

Зависно од темепратурата на водата постојат топли и ладни морски струи. Топлите, по правило, се движат од помалите кон поголемите географски широчини и обратно. Морските струи имаат големо климатско значење. Настануваат под влијание на постојаните планетарни ветрови и како резултат на различната соленост, на температурите и густината на водата. Светските мориња имаат различни нивоа, така што ваквото движење настанува во контекст на изедначување на нивото на водата.

mapka

Голфската струја е најголемата и најпознатата океанска струја. Таа е како река која тече низ море, наместо по копно. Поголема е од сите реки на светов, заедно. Се движи кон север, долж источната обала на САД, преку северниот Атлантски Океан, а потоа кон северозападна Европа. Голфската струја има темно-виолетова боја и јасно се гледа и разликува од тиркизните и сивите нијанси на водите низ кои тече.

Водата на голфската струја потекнува од движењето на површинските води во Атлантикот, близу екваторот. Ова движење, или „струја“ насочено е кон запад. Така, голфската струја тече кон северните делови на Јужна Америка и влегува во Карипското Море. Ја нарекуваме голфска струја дури кога од таму ќе се насочи кон север, по должина на источните крајбрежја на САД.

Водите на Голфската струја се топли, како резултат на тоа што истата настанува во топлите краеви на светот. Присуството на овие огромни струи на топла вода, создава големи промени во климата на многу места. Ветровите кои дуваат над површината на оваа струја, во Северна Европа носат топол воздух – во разни делови на Норвешка, Шведска, Данска, Холандија и Белгија. Затоа скандинавските земји, Ирска, Англија и Франција имаат многу потопла клима и поблаги зими отколку што би се очекувало, со оглед на нивната северна локација. Тоа е причината и поради која заливите долж норвешката обала никогаш не се заледени.

Благодарение на голфската струја, Лондон и Париз уживаат блага клима, иако лежат исто толку на север како јужен Лабрадор, на пример, кој има исклучително студени зими. Ветровите кои дуваат над Голфската струја стануваат топли и влажни. Кога овие ветрови ќе се оладат настанува магла. Ова најчесто се случува во близина на Њуфаундленд. Сепак голфската струја нема така големо влијание на климата во Северна Америка како во Европа, од проста причина што таму зимските ветрови не дуваат кон копното.

Видео: Голфската струја и климатските промени
Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.