Каде се наоѓа Скандинавија?

Кога размислувате за поларната светлина и за фјордовите, кои земји ви паѓаат на памет? Норвешка? Шведска? Можеби сте чуле и за Скандинавскиот полуостров? Но, каде е поточно Скандинавија?

Скандинавија е област во северниот дел на Европа која дели германско историско, културно и јазично наследство. Скандинавија ја сочинуваат современите држави Данска, Норвешка и Шведска.

Културолошкиот поим Скандинавија не е многу сличен со географскиот поим – Скандинавски полуостров. Скандинавскиот полуостров е составен денешните држави Норвешка, Шведска и Финска. Научниците веруваат дека Скандинавскиот полуостров е најголемиот полуостров во Европа. Финска, иако е дел од Скандинавскиот полуостров, не се смета за скандинавска земја. Таа ја дели блиската географска положба со Шведска и Норвешка, но не го дели и германското културно и јазично наследство, како другите земји.

Во поимот „Нордиски земји“, кои исто така опфаќаат сличен климатски и географски регион на северна Европа, се државите Финска, Грендланд, Фарските Острови и Исланд.

Скандинавските јазици – Данскиот, Норвешкиот и Шведскиот – се слични и со малку вежбање, луѓето од секоја скандинавска земја ќе можат да не разберат. Финскиот јазик нема никаква поврзаност со скандинавските јазици, па затоа Финска како што рековме, вообичаено не се смета за скандинавска земја.

Скандинавците се претци на стари германски племиња кои се селеле низ деловите на северна Германија. Овие племиња говореле стар германски јазик кој подоцна бил наречен старо-нордиски јазик.

Во периодот на раниот среден век, Скандинавците биле наречени Нордијци. Нордиската култура развила оригинални културни групи, како што се Викинзите.

Иако скандинавските земји го делат своето наследство, денешните држави – Данска, Норвешка и Шведска, се прилично географски поделени. Скандинавија има разни форми, тргнувајќи од норвешките фјордови, до данските низини и шведските архипелази.

Поголемиот дел од населението, живее во јужните делови на овие земји. Далечните северни делови на Норвешка и Шведска, допираат и до Арктичкиот Пол. Во денешна Скандинавија, можеме да пронајдеме и топли, привлечни крајбрежја, како и жестоки тундри.

Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.