Кои се првите градови во светот?

Во 10 000 година п.н.е. на светот живееле околу 12 милиони луѓе. Тоа се две третини од денешниот број на жители во државата Њујорк.

Првите градови започнале да се формираат на места со сигурни извори на вода, крај блските планини, каде жителите можеле да одгледуваат диви посеви и каде имало доволно дожд за нивно растење.

Градовите и трговијата започнале да се развиваат истовремено со земјоделството низ разни подрачја. Првите жители работеле како занаетчии, свештеници и трговци. Исхраната на жителите зависела од земјоделците кои работеле на околните имоти, а трговијата зависела од останатите оддалечени области.

Првиот град на Блискиот исток, најверојатно подигнат околу 8000 година п.н.е. бил Ерихон. Градот имал бројно и добро организирано население и бил изграден од јаки камени ѕидови, кули и одбрамбени ровови. Понекогаш во Ерихон, починатите жители ги погребувале под подовите на куќите.

Во 6900 година п.н.е. во Средна Анадолија, на површина од 170 000 квадратни километри се простирал градот Чатал Хејук. Тој бил град од голема воена важност. Во градот немало улици и луѓето можеле лесно да се бранат. Куќите биле направени од ќерпич и имале заеднички ѕидови. Луѓето низ градот се движеле по крововите од своите куќи. Во него живееле околу 5000 жители. Просечната старост на мажите изнесувала 34 години, додека пак на жените, 30 години. Во рушевините на Чатал Хејук била пронајдена стока далечни области: опсидијан (вукланско стакло), каури – школки од Медитеранот и тиркиз од Синај. Во 6500 година п.н.е. во Чатал Хејук била создадена најстарата сочувана ткаенина.

Градот Џармо, се наоѓал во северниот дел на Ирак, во подножјето на планината Загрос. Џармо датирал од 7000 година п.н.е. и бил еден од најстарите земјоделки заедници во светот. Градот се простирал на површина од 12 000 до 16 000 квадратни метри и се наоѓал на надморска височина од 800 метри, во појас со дабови шуми и ф’стаци. Истражувањата во Џармо откриле 11 градови кои, еден по друг, во различни временски периоди, биле подигнати врз урнатините на претходните.

Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.