Како настануваат торнадото и ураганот?

Сигурно ви е познато дека олујата е бурна промена на времето, предизвикана од пресретнувањето на ладната, сува воздушна маса која доаѓа од арктичките предели и топлата, влажна воздушна маса, која од тропските краеви се движи кон север. На местото каде овие две воздушни струи се пресретнуваат се создава остра граница наречена “фронт”. Со оглед на тоа што топлиот воздух е полесен, тој се издигнува над студениот и во тој процес влагата се кондензира, создавајќи на тој начин облаци. Сето тоа може да биде пропратено со силен ветер, дожд и елктрични празнења, одн. грмотевици.

Веројатно сите сме биле сведоци на некаква олуја, на некоја локална временска непогода. Меѓутоа постојат и големи непогоди кои може да зафатат илјадници квадратни километри. Една таква бура е циклонската бура, или едноставно циклон. Кај циклоните, ветровите спирално дуваат околу центарот на областите со низок атмосферски притисок. На северната хемисвера, циклоните се движат во правец спротивен на движењето на стрелките на часовникот, а на јужната обратно (во насоката на движењето на стрелките).

Торнадо

Торнадото е всушност посебен вид на циклон. Торнадото се јавува кога условите кои предизвикуваат обична непогода се исклучително потенцирани. Во таков случај, воздухот нагло се подигнува нагоре формирајќи некаков вид на воздушен столб, а ветерот дува во спротивен правец околу ваквиот движечки воздушен столб. Како последица, настанува тесен и неверојатно силен вртлог. Кога тоа ќе се случи, центрифугалната сила го исфрла воздухот од центарот и на тој начин, во него се создава простор со низок притисок.

Ова јадро на низок притисок дејствува како многу моќна правосмукалка, вшмукувајќи ги сите предмети преку кои поминува и во тоа всушност се состои огромната разорна сила на торнадото. Тоа има снага да вовлече и ѕидови од куќи, кои се рушат како да се направени од слама. Другата разорна моќ на торнадото произлегува од јаките ветрови кои се создаваат на краевите на вртлогот и достигнуваат брзина од 450 км на час, притоа рушејќи се пред себе.

Торнадото најчесто настанува во централната долина Мисисипи, во САД. Во повеќето делови од областа која ја зафаќа олујата, торнадото се појавува како црн облак со инковидна форма. Може да зафати област од неколку километри во должина и неколку стотини метри ширина. Но без оглед на големината на површината што ја зафаќа, неговата разурнувачка сила никако не смее да се потцени. Торнадата уништуваат речиси се што ќе наиде на нивниот пат.

Ураган

Еден друг вид на циклонска бура е ураганот, кој вообичаено се јавува во тропските краишта. Во САД се појавува во областите кои граничат со  и долж Мексичкиот залив источната обала. Меѓутоа истата таква олуја, кога настанува во Индија или Кина се нарекува тајфун. Заедничкото име за ураганот и тајфунот би било  тропска бура.

Површината која ја зафаќа ураганот обично изнесува од 150 до 600 км, а ураганските ветрови достигнуваат брзина помеѓу 100 и 180 км на час. Специфична особина на ураганот е неговиот мирен централен дел, кој се нарекува “око”. Пречникот на овој дел може да биде долг од 8 до 25 км. Кога тој преминува преку некоја област, ветровите речиси сосема замираат. Ова понекогаш ги наведува луѓето да помислат дека непријатноста поминала. Меѓутоа кога окото на олујата ќе помине, ветровите почнуваат да дуваат со истата сила како и претходно, само во спротивен правец , затоа што и ураганот е бура со ветрови кои имаат кружно движење.

Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.