Каде се наоѓа областа „Плодната полумесечина“?

Дали некогаш сте се восхитувале на древните цивилизации? Од каде започнала првата цивилизација? Сте се запрашале ли каков бил животот пред илјадници години?

Доколку некогаш сте ја проучувале древната историја, веројатно сте чуле за местото наречено Месопотамија? Месопотамија, што во превод означува „земја помеѓу две реки“, се нарекувале областите меѓу реките Тигар и Еуфрат. Месопотамија е област во југозападна Азија и едно од најважните подрачја во истријата на човештвото, каде се развиле голем број цивилизации.

Плодната Полумесечина, понекогаш наречена „Лулката на цивилизациите“, е област во форма на полумесечина во пределот на Месопотамија, кој бил познат како родно место на неколку древни кралства. Таа е подрачје со плодни земјишта во близина на големи реки. Се протегала од реката Нил во Египет, до реките Тигар и Еуфрат во денешен Ирак.

Западниот крај на Плодната Полумесечина се граничи со Средоземното Море, а источниот крај со Персискиот залив. Арапската пустина се протега на нејзиниот јужен дел.

Археологот Џејмс Хенри Брестед, бил првиот човек кој го употребил името „Плодна Полумесечина“, со цел да ја опише таа област. Според него, тоа било првото населено подрачје во Азија. На номадите кои барале пасишта за својот добиток, оваа област одлично им одговарала.

Плодната Полумесечина била почетокот на првите човечки цивилизации, првите технолошки пронајдоци, на писменоста, на пронајдокот на тркалото и стаклото. Изворите на вода и можноста за огледување разни култура во областа, поттикнала голем број цивилизации токму таму да започнат со градење и напредување.

Во прилог на реките и мочуриштата, областа на Плодната Полумесечина била од голема важност поради нејзината локација. Таа била сместена во дел кој поврзувал три континенти: Африка, Европа и Азија. Како што луѓето од овие области започнувале да истраживаат и да развиваат трговски патишта и врски, така Плодната Полумесечина се развивала во центар на патување и трговија.

Промените во изминатите триесет години, ја намалиле традиционалната плодност на Плодната Полумесечина. Од снимениот сателитски материјал, научниците процениле дека останале само 10% од мочуриштата. Остатокот од мочуриштата се пресушил, оставајќи пустински предел со големи закрпи на сол. Експертите сметаат дека таа штета е резултат на градењето брани на реките Тигар и Еуфрат. Тие укажуваат и на големи суши на речните сливни подрачја во изминатите три децении. Голем број растителни и животински видови станале загрозени, поради исчезнувањето на мочуриштата.

Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.