Географија на Африка

Дали знаете дека површината на најголемата пустина на светот Сахара, изнесува 8.600.000 квадратни километри и е поголема од цела Австралија?

Африка е одделена од Европа со Средоземното Море, додека пак од Азија со Суецкиот Канал, широк 163 километри.

Областите богати со растителен свет во Африка, се делат на шумски, тревни и пустински. Шумските предели се простираат околу екваторот, зафаќајќи го долниот тек на реката Нигер и басенот на реката Конго. Во овие предели се развиваат високи и бујни прашуми, богати со палми, баобаб, махагонови, абоносови и други видови дрва. Овие густо развиени и скоро непроодни шумски предели, се нарекуваат џунгли. Џуглите се дом на разни видови животни, како змиите и приматите.

Шумите кон северот, постепено се проретчуваат и преминуваат во предели со густи и високи треви, познати под името – савани. Одејќи кон север, саваните исто така постепено се менуваат, преминувајќи во предели со полу-пустини, ниски треви и боцкави, грмушести растенија и акации. Овие предели се познати како степи.

Повторно продолжувајќи во северен правец, степите се менуваат во предели со оскудна вегетацијам преминувајќи во пустини со ретки растенија, како што се кактусите. Но, во пустините се среќаваат и оази, мали предели со бујна вегетација, каде најчесто виреат палми. Наместа се одгледуваат и земјоделски култури.

Животинскиот свет во Африка е мошне разновиден. Во тропските предели го среќаваме најголемото копнено животно – слонот, најголемиот примат – планинската горила, како и други видови мајмуни и носорози.

Во саваните и во степите најзастапени се тревопасните животни: највисокото копнено животно – жирафата, зебрата, антолипата, газелата, биволот, лавот, гепардот, леопардот, хиената, африканското диво куче и др.

Во водните средини се среќаваат нислки коњи, крокодили, разни влечуги, водоземци и инсекти. Во Африка, карактеристична е мувата цеце, која ја предизвикува болеста спиење, како и маларичниот комарец, кој ја предизвикува болеста – маларија.

Мадагаскар е петтитот остров по големина во светот, кој има шаренолика клима, флора и фауна. Во текот на милиони години одвоеност од африканското копно, на Мадагаскар се развиле голем број ендеми. Две третини од сите камелеони живеат на овој остров, а тој е дом и на лемурите.

Климата на Африка се движи од тропска до субарктичка на нејзините највисоки предели.

Релјефот на Африка го сочинуваат голем број пространи висорамнини. Во приморските делови, релјефот се спушта стрмно и целата африканска плоча е заобиколена со тесен и рамничарски приморски појас.

Од висорамнините се издигаат неколку планински масиви. Во северните делови се наоѓаат планините Атлас, Ахагар, Тибести и Дарфур. Најголмите планини се наоѓаат во источните делови на континетот. Такви се Етипските Планини и планинските области околу големите езера: Килиманџаро, Кенија и Рувензори.

Проф. Атлас Грегор

Aтлас Грегор е најмрачниот професор во училиштето. Тој е човек со шилеста брада, збрчкано бледо лице, долга коса и мек воздржан глас. Постојано е облечен во црна облека, со огромен бел околувратник и навидум наликува на гавран. Не е многу висок, но неговата појава зрачи со сериозност, авторитет и контрола.